Структура на одбраната

 

Основи на националната одбранбена политика и доктрина

Националната одбранбена политика и доктрина се одредени и се базираат врз основните цели на безбедносната политика на Република Македонија:

За постигнување на овие цели, нашата безбедносна политика, се придржува кон следните стратешки определби:

Поаѓајќи од определбите и целите на безбедносната политика, одбранбената политика на Република Македонија се базира врз следниве принципи:

Политичката одбранбена стратегија на Република Македонија е заснована врз:

Во согласност со нашите можности и со меѓународните договори, Република Македонија одржува одбранбен потенцијал и борбена подготвеност на нејзините вооружени сили, што дејствува како одвраќач од потенцијална агресија.

Во согласност со член 123 од Уставот на Република Македонија, никој во државата нема право да објави капитулација. Затоа, одбранбениот систем на Република Македонија, во основа, поаѓа од определбата за отпор, со употреба на вооружена сила против секоја евентуална агресија и за водење одбранбена војна за целата територија. За оваа цел, одбранбениот систем има задача да обезбедува услови за функционирање на сите државни органи и институции и вклученост во колективните системи на одбрана и безбедност како заштита на независноста и сувереноста на земјата.

Република Македонија може да ги постигне сите гаранции за нејзината безбедност преку колективните системи за безбедност и одбрана. Затоа, таа го подржува зајакнувањето на овие колективни системи и се определува за активно учество во истите и за соработка во создавањето на новата европска безбедносна архитектура заснована врз НАТО, ОБСЕ и ЗЕУ.

За извршување на овие принципи и исполнување на овие стратешки цели, одбранбениот систем на Република Македонија е заокружен со мирновремената и воената организација, со суштински цели за развојот, подготовките и употребата на вооружените сили, како и со целосната цивилна контрола и управување со нив. Оттука, одбранбениот систем го заокружува целиот одбранбен потенцијал на земјата: граѓаните, државните власти, вооружените сили, силите на цивилната заштита, телата на локалната самоуправа, јавните институции и услуги и претпријатијата од посебно значење за одбраната.

Подготовките за успешна одбрана се остваруваат во мирновремени услови. Тие опфаќаат подготовки на државните власти; подготовки и обука на вооружените сили и распоредување на територијата на Република Македонија; подготовки на јавните институции и на локалната самоуправа; подготовки на цивилното население; и учество на заедничките вежби и други форми на соработка со земјите членки на Партнерството за мир и Алијансата.

Национално командно уредување

Управното уредување и процедурите во областа на одбраната во Република Македонија се дефинирани со Уставот, Законот за одбрана и со задачите на законодавната и извршната власт.
Командувањето во вооружените сили е засновано врз единството во командувањето при употребата на силите и средствата, едностарешинството и обврската за извршување на одлуките и наредбите на претпоставениот.

Претседателот на Република Македонија е Врховен командант на вооружените сили.

Претседателот ги донесува одбранбениот план и стратегија, одлуките за спроведување на готовноста, ја одобрува организациско-формациската структура на армијата, донесува документи за развој, одлуки за нејзина мобилизација и друго.

Претседателот исто така претседава и со Советот за безбедност на Република Македонија. Советот за безбедност ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Република Македонија и дава предлози на Собранието и на Владата.

Собранието на Република Македонија ги надгледува компетенциите на Владата сврзани со одбраната, донесува одлуки за постоење на непосредна закана од војна, прогласува настанување на воена состојба и мир и го донесува воениот буџет.

Слични одговорности има и собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Владата на Република Македонија ги има надлежностите во врска со донесувањето на предлогот на одбранбениот план, предлогот на буџетот за одбрана и друго.

Министерството за одбрана ја подготвува одбранбената стратегија, ја изработува проценката на можните ризици и закани, одговорно е за одбранбениот систем, обуката и готовноста на вооружените сили, опременоста и развојот, го предлага буџетот за одбрана и друго.