АРМ во справување со последиците од поплавите
07.08.2016
08.08.2016
09.08.2016
10.08.2016
11.08.2016

Од текот на вчерашниот ден во функција е ставен тактичко оперативниот центар на АРМ, кој воедно е  координативен центар  низ кој се координираат сите активности за ангажирање на потребните средства и персонал согласно изразените барања,како и меѓусебна координација помеѓу инволвираните субјекти ангажирани во санирањето на последиците од катастрофалната поплава.

 

Од страна на воената полиција во содејство со МВР се превзема и регулирањето на сообраќајот во реонот на Стајковци при што се помага во регулирање на движењето на механизацијата и моторните возила ангажирани во отстранување на последиците од поплавите.

 

Во текот на вечерта на граничниот премин Блаце пристигна конвој од КФОР во кој има осум инженериски машини кои ќе се ангажираат на терен онаму каде се потребни. Инженериските машини се доделени од страна на КФОР врз основа на меѓусебната соработка и искажаните потреби од страна на АРМ. Истите ќе бидат пристигнати кај клучката од обиколницата кон Стајковци денес во период од 09.00 до 10.00 часот каде веднаш ќе бидат распоредени каде е потребно.

12.08.2016

Механизацијата на КФОР која пристигна вчера во координација со припадниците на АРМ се вклучи веднаш на сите оние места каде за тоа има потреба во расчистување на улиците од наносите од поплавата. Припадниците на АРМ од единиците на АБХО отпочнаа со дезинфекција по куќите и дворовите со цел превентивно делување во спречување на појава на заразни заболувања.

 

Од почетокот на ангажирањето на АРМ на реоните на Скопје погодени од поплавата рамноправно со своите колеги припадничките на АРМ ги извршуваат сите доделени задачи онаму каде е најпотребно. 

 

Вклучени се во расчистување на наносите од куќите и дворовите, регулирање на сообраќајот, исцрпување на вода, дезинфекција на просторот и на сите останати активности каде се  ангажирани припадниците на  АРМ.

13.08.2016

Неуморно на извршување на поставените задачи припадниците на АРМ од рано наутро согласно направениот план во тактичкиот оперативен центар ги расчистуваат наносите од подрумите и дворовите, исцрпуваат вода од подрумите,вршат дезинфекција онаму каде се створени услови за тоа, додека нивните колеги од воената полиција овозможуваат непречено движење на механизацијата.

 

И колегите од КФОР несебично и заеднички со другите ги извршуваат задачите во расчистување на наносите од улиците. Во текот на денот тие ќе бидат посетени од началникот на штаб на КФОР бригаден генерал Патриција Анзлоу.

14.08.2016
16.08.2016