Историја на АРМ


2017

 

Оваа година АРМ на РМ го прослави јубилејот „25 години АРМ“. По повод овој јубилеј беа организирани различни активности кои ги вклучуваа одбележувањето на деновите на единиците, хуманитарни и спортски настапи, позначајните историски настани поврзани со формирањето на АРМ и на претходно планираните позначителни активности за 2017 година.

 

10.03.2017 На караулата „Рамна Нива“ во присуство на врховниот командант на вооружените сили Н.Е Ѓорге Иванов и НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, со воена свеченост се одбележаа 25 години од подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница, кој воедно е ден на Командата за резервни сили на АРМ.

 

24.03.2017 Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од постоењето, во касарната „Илинден“ во Скопје со воена свеченост го одбележа преземањето на најголемиот воен објект во Република Македонија од тогашната ЈНА.


28.03.2017  Генералштабот на Армијата на Република Македонија, денес на симболичен начин со постројување одбележа 25 години од формирањето на ГШ и отпочнување со  активностите  и функцијата на раководење со армијата.


26.05.2017  Заедничка показна вежба на АРМ и Црвениот крст на Република Македонија.,на воениот стадион во Скопје, каде  се покажа високо ниво на координирани активности на припадниците на АРМ и волонтерите на Црвениот крст во спасување на животи при замислена кризна ситуација.


19.07.2017  Во Домот на АРМ во Скопје, се спроведе централна крводарителна акција по повод 25 години АРМ. На симболична цермонија на дел од армиските припадници кои имаат дарувано крв повеќе од 25 и 50 пати се врачени благодарници, признанија, плакети и значки.
28.07.2017  Започна заедничката вежба на АРМ и копнените сили на Армијата на САД за Европа, „Dragoon Guardian 17“.  Најголема досега билатерална вежба на Армијата на Република Македонија и командата на копнените сили на Армијата на САД за Европа, „Dragoon Guardian 17“ која се одржа до 10.08.2017година, учествуваа повеќе од деведесет припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада  и околу триста припадници на  „2 Cavalry Regiment“ (2CR)  на Армијата на САД во Европа - United States Army Europe (USAREUR).  Покрај активностите на АП Криволак единиците имаа претставување со приказ на моторни возила и опрема пред граѓаните на Куманово, Скопје, Штип, Велес, Струмица и Струга.


18.08.2017  се оддржа централна свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата на Република Македонија. На свеченоста претходеа одржување на тактичко технички збор за јавноста во Скопје и во сите гарнизони каде се сместени единиците на АРМ.


 Централната прослава  се реализира на воениот стадион во Градскиот парк во Скопје во вечерните часови со интеракција и меѓусебно дружење со цивилното население.


На прославата свое обраќање имаа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој воедно за постигнати резултати во одбраната ги одликува со Орден за воени заслуги: Командата за обука и доктрини, баталјонот за почести и 4.от механизиран пешадиски баталјон од 1. Механизирана пешадиска бригада.

 

25.09.2017 Во Центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и aрмискиот полигон „Криволак“ започна со реализација теренската вежба „Здружена реакција-17“.Вежбата „Здружена реакција-17“ беше заедничка вежба на воената  полиција од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Националната гарда на сојузната држава Вермонт, Националната гарда на сојузната држава Минесота и секако припадници на Воената полиција од составот на Здружената оперативната команда.


02.10 до 06.10, се реализира вежбата „Македонски Блесок-13“ на која се изврши НАТО реоценување на средната пешадиска баталјонска група (спбг) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), во согласност со каталогот за здружени капацитети и способности на НАТО од 2016 година. Со ова по вторпат оваа најголема декларирана единица се здоби со сертификатот на НАТО „борбено подготвени“.


09.11.2017  Во Скопје се оддржа дваесет и првата Конференција на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на САД-Јадранската повелба. Оваа година за првпат покрај работење на функционалните групи во однос на безбедноста, обуката и вежби, логистика и главните подофицери отпочна со работа групата за комуникации и сајбер одбраната.
05.12.2017  Во Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес.,  од страна на Врховниот командант, НГШ на АРМ и Амбасадорот на САД во Р. Македонија Н.Е. Џес Бејли официјално се отвори и во оперативна функција се стави Центарот за симулации чие опремување е донација од САД.


13.12.2017 Се одржа јубилејното „10-то Армиско првенство во крос-кантри трчање“


07.12 до 15.12.2017 Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави оствари повеќе средби на високо ниво во одделот за мировни операции на Обединетите Нации, а имаше обраќање и пред претставници на Конгресот на САД кои за прв пат имаа прилика од страна на Началник на Генералштаб на Армијата на Република Македонија, да се запознаат со напорите кои Република Македонија ги прави во полето на одбраната за полноправно членство во Евроатланските структури,


И оваа јубилејна година  Армијата на Република Македонија  продолжи ги спроведува мерките согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов од 24.09.2015 година за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција. Покрај останатото припадниците на АРМ се ангажираа во справување со природни непогоди и пружајќи помош на цивилното население. Така во период од 27.07  до средината на месец август, се ангажираше со два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ и 60 припадници од четвртиот баталјон од 1. пешадиска бригада на АРМ од Кичево учествуваше  во гасењето на пожарот во атарот на село Требовље.


Припадниците на инженерискиот баталјон од првата механизирана пешадиска бригада уште еднаш ги ставија на располагање своите вештини во помош на цивилните структури во реоните каде поплавите во изминатиот месец извршија оштетувања на инфраструктурни објекти, во случајот со целосна изградба на нов дрвен мост во село Порој, општина Тетово.

Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контингенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, и 2 (две) ротации во мисија ЕУФОР „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и една во мисијата „Унифил“ во Либан.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11