Историја на АРМ


2016

 

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Н.Е. д-р Ѓорге Иванов придружуван од министерот за одбрана Н.Е. Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски традиционално првиот ден од новата година ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница во реонот на Гевгелија.

 

На 1-ви март, во касарната „Илинден“ во Скопје, се одбележаа 22 години од формирањето на Полкот за специјални операции.

 

На 9-ти мај, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, извршено е примопредавање на должноста командант на воздухопловната бригада.

 

Во време од 7-ми до 17-ти јуни во Република Полска, Армијата на Република Македонија учествуваше на меѓународната вежба „Анаконда-16“ со 157 припадници во состав, пешадиска чета, вод на воената полиција, припадници од полкот за специјални операции и штабен персонал.

 

Во период од 31-ви јули до 4-ти август, во Кабул, ИР Авганистан, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски ги посети припадниците на АРМ кои се ангажирани во мисијата „Одлучна поддршка“, во текот на посетата генералот Величковски оствари средба со командантот на мисијата „Одлучна поддршка“ генерал Џон Николсон.

 

Како последица на невремето кое го зафати околината на Скопје во која животот го загубија 21 лице, Армијата на Република Македонија ги стави сите потребни капацитети на во справување со последиците од невремето, а резултатите од пожртвуваноста беа видливи. Во текот на ангажирањето кое АРМ го спроведе во 5 фази беа исчистени од наноси 1116 куќи, 239 приватни и јавни објекти, исчистени и дезинфицирани 12,750 метри улици, дезинфицирани беа 1014 куќи. Покрај тоа беа ангажирани во регулирање на сообраќајот заедно со сообраќајната полиција на МВР.

 

На 18-ти август на централната свеченост по повод Денот на АРМ. претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Н.Е. д-р Ѓорге Иванов додели, Орден за воени заслуги на Баталјонот на Воена полиција и Орден за воени заслуги на Инженерискиот баталјон.

 

Во периодот од 19-ти до 25-ти септември, во ВИП Арената „Спортски центар Борис Трајковски“ се одржуваше 31-то Светско воено првенство во борење.

 

Од 2-ри до 7-ми октомври 250 припадници на АРМ и претставници на армии од 21 држава членка на НАТО и Партнерство за Мир учествуваа на теренска вежба „Македонски Блесок-12“. Вежбата се спроведе во центарот за поддршка на обуката „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“. На вежбата се изврши НАТО оценување НИВО-1, согласно концептот за оперативни способности на декларираната ренџерска чета од составот на Полкот за специјални операции (ПСО).

 

На 10-ти ноември, во касарната „Илинден“ припадниците на Баталјонот за почести со воена свеченост го одбележа денот на единицата, воедно и примопредавање на должноста командант на единицата.

 

На 28-ми ноември, со указ на претседателот на Република Македонија и врховен командант на ВС Н.Е. д-р Ѓорге Иванов во генералски чин е унапреден полковник Орце Јордев командант на полкот за специјални операции. За висок воен претставник на Република Македонија во седиштето на НАТО во Брисел е назначен генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, бригаден генерал Зоран Милевски е поставен на местото командант на ЗОК, а за командант на првата механизирана пешадиска бригада е поставен бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

 

На ден 23-ти декември, во Домот на АРМ во Скопје, главните подофицери во командите и единиците на АРМ пред началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, брифираа за реализираните и претстојните активности на подофицерскиот кор на АРМ. На состанокот беа промовирани ознаките за главни и први подофицери согласно Уредбата за единствен знак за припадност во АРМ.

 

АРМ и во текот на 2016 година продолжи ги спроведува мерките согласно доделените задачи од одлуката на Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов од 24.09.2015 година за зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција. Припадниците на АРМ извршувајќи ги задачите крајно професионално, секојдневно спречуваа десетици, а во одредени денови и стотици обиди за нелегални преминувања на државната граница при што до крајот на годината се спречени повеќе од  дваесет илјади такви обиди, со примена на меѓународните норми и коректен однос кон сите обиди за нелегално поминување. Хуманиот третман најдобро се виде при спасувањето на четири мигранти од надојдените води на Сува Река на ден 14.03.2016 година. Признание за успешното извршување на задачите беше оддадено и од страна на Врховниот командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов кој во текот на годината четири пати ги посети припадниците на АРМ ангажирани на јужната граница.

 

Во оваа година АРМ имаше интензивни меѓународни активности, пред се искажаната поддршка при посетите од највисоките армиски структури на земјите од Вишеградската група (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска) кои непосредно пред самитот на НАТО во Варшава остварија посети на АРМ (од кои НГШ на Полска за прв пат) при кои посети беше искажана голема поддршка и пофалби за начинот на кој АРМ се справува со бегалската криза. За прв пат досега беше остварена посета и средба на ниво на Началници на Генералштабови помеѓу АРМ и армијата на Обединетото Кралство.

 

Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контингенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан, и 2 (две) ротации во мисија ЕУФОР „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и една во мисијата „Унифил“ во Либан.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10