Историја на АРМ


2013


АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата „АЛТЕА“ во БиХ и во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан.

 

На 30-ти јули Врховниот командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов ја пушти во употреба веб страницата на АРМ (www.arm.mil.mk).

За прв пат во историјата на АРМ, Воениот дувачки оркестар на АРМ одржа концерт на плоштадот Македонија по повод 18-ти Август, Денот на АРМ.

 

На 19-ти септември во Генералштабот на АРМ се одржа средба со естрадни уметници и претставници на институции кои настапуваа и го помогнаа концертот по повод Денот на АРМ кој се одржа на 16-ти август 2013 година на плоштадот „Македонија“ во Скопје. За таа прилика Началникот на ГШ на АРМ им додели „Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка“ на:

Есма Реџепова-Теодосиевска, Блага Петреска, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, Универзална сала, ДЈ Никифор, Телевизија Сител, Антена 5 Радио и Детскиот Културен Центар „Карпош“ од Скопје.

 

Во период од 30-ти септември до 2-ри октомври во спортската сала „Расадник“ во Скопје се одржа меѓународниот „5-ти Футсал Куп за мир“. На куп покрај екипата на Армијата на Република Македонија како домаќин учество земаа екипите за футсал од армиите на: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

 

На ден 17-ти декември 2013 година, Воениот оркестар на АРМ во Домот на АРМ во Скопје го изведе Новогодишниот концерт. На концертот присуствуваа: Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, генералите на АРМ, клучниот персонал во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, припадници од сите команди и единици на АРМ и дел од воените аташеи акредитирани во Република Македонија.

 

На ден 24-ти декември во Домот на АРМ во Скопје, се изврши презентација на новата службена униформа на АРМ, на која присуствуваа: Министерот за одбрана, Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, клучниот персонал од МО и ГШ на АРМ, претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, пензионираните генерали на АРМ и претставници на медиумите.

 

2014

 

АРМ продолжи со успех да ги извршува произлезените задачи од процесот на трансформација. Командите и единиците на АРМ се ангажирани во одржување и подобрување на борбената готовност и контролата на обученоста.

 

Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контигенти во мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан, и 2 (две) ротации во мисија ЕУФОР „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

 

Во текот на годината се започна со подготовка за учество на припадници на АРМ во мисијата наследник на „ИСАФ“ со име „Одлучна поддршка“ кои заминаа на извршување на доделените задачи во месец декември. Во склоп на новата мисија АРМ учествува со сили за обезбедување на главната команда на мисијата и штабни старешини во Командата за Обука Советување и Асистенција во Регионалните команди Главен град и Север.

 

Оваа година согласно одлуката за определување на ден на единиците на АРМ донесена од Претседателот и врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, за прв пат со воена свеченост се одбележа 17-ти октомври, Денот на ЗОК, како носител на традициите на формирањето на Штабот на Кресненското востание.

 

Во текот на 2014 година  се реализира вежбата „Македонски блесок-10“ на АП „Криволак“ во период 05/12.04.2014 година, каде со успех е извршено НАТО оценување НИВО-2 на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценување НИВО-2 на Лесната маневарска болница (ЛМБ) НИВО-2.

 

НАТО самооценување НИВО-2 имаше и четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ) во период од 12/16.05.2014 година, со оцена  „Подготвени за борбени операции“. Четата во периодот од 02/13.06.2014 година учествуваше на вежбата „Брз лав“ во Кралството Белгија, со што од 01.07.2014 година, како дел од ЕУБГ 2014-2, стапи во оперативна готовност за употреба до 31.12.2014 година.

 

За потребите на единиците на АРМ и поддршка на цивилните структури на Република Македонија единиците на АРМ изведуваа поголем број на инженериски работи. Во рамки на проектот за соработка на АРМ со локалната самоуправа во Република Македонија, воениот оркестар на АРМ и припадниците на баталјонот за почести во неколку градови на Република Македонија имаа свој настапи.

 

2015

 

На 16-ти јануари, во Домот на АРМ во Скопје свечено се одбележа завршувањето на 12 годишната мировна мисија ИСАФ која се реализираше во Исламската Република Авганистан.

 

Во текот на месец февруари, припадници на АРМ се ангажираа на санирање на последиците на поплавените подрачја во Пелагонискиот регион.

 

Во период од 2-ри до 5-ти јуни, во Домот на АРМ во Скопје се реализира годишен состанок на началниците за логистика на земјите членки на А5 потписнички на Јадранската повелба.

 

Во текот на првата половина на месец август припадници на АРМ се ангажираа на санирање на последиците во поплавените подрачја во тетовскиот регион со ангажирање на инженериски машини и цистерни со вода за пиење за локалните жители. Припадниците на инженерискиот баталјон беа  ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, а кои претрпеа големи оштетувања после поплавите.

 

На централната свеченост по повод 18-ти Август, Денот на АРМ. Претседателот Ѓорге Иванов со указ назначи нов началник на ГШ на АРМ. Военото знаме на ГШ свечено беше предадено во рацете на генерал-потполковник Методија Величковски кој доаѓа на должноста од местото командант на Здружената оперативна команда.

 

На 27-ми август 2015 година, во Генералштабот на Армијата на Република Македонија, се изврши свечено примопредавање на должноста заменик на началникот на Генералштабот. Должноста Заменик на НГШ на АРМ од генерал–потполковник Насер Сејдини ја прими генерал-мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на Здружената Оперативна Команда.

 

Врз основа на одлуката на Претседателот на Република Македонија на 21-ви август припадници на Армијата на Република Македонија се распоредија на јужната граница, со цел зајакнато и непрекинато обезбедување на јужната и северната граница во испомош на МВР и граничната полиција.

 

На 17-ти септември 2015 година, во хотелот „Гранит“ во Охрид, се одржа деветнаесеттата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД, Јадранската повелба (А-5).

 

Посета и евалуација на декларираните единици од АРМ од Командата на бригадата на Југоисточна Европа во период од 16-ти до 19-ти ноември.

 

Од страна на припадниците на инженерискиот баталјон од 05.12.2015 година со цел спречување на нелегално минување на државната граница и насочување на мигрантите на определеното место за регистрирање се отпочна со изградба на безбедносна жичана ограда долж јужната граница.

 

Декларираната чета на Воена полиција успешно го спроведе  НАТО оценувањето НИВО-2, додека декларираната ренџерска чета спроведе самооценување НИВО-1, за време на вежбата „Македонски Блесок-11“.

 

Оценување на чета од Воена Полиција и на вежбата „Македонски Блесок 11“ (06.10.2015)

 

Во текот на годината реализирани се 2 (две) ротации на контингенти во мисијата „Одлучна поддршка“ во И.Р. Авганистан и „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и една ротација со штабен старешина во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан.

 

Во текот на 2015 година припадниците на АРМ учествуваа на повеќе меѓународни вежби, меѓу кои: „Joint Reaction-15“, „Trident Juncture-15“, „Saber Junction-15“ „Immediate Response-15“ и други.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10