Историја на АРМ


2011


АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата „АЛТЕА“ во БиХ и во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан.

 

Владата во 2011 година го одобри Долгорочниот план за развој на одбраната 2011-2020 година. Со ова се обезбеди единство на институционалните напори за систематски развој на одбраната и усогласување на лимитираните ресурси со клучните развојни приоритети.

 

Во 2011 година, претседателот на државата, како врховен командант на вооружените сили, донесе Одлука за преструктуирање на командите и единиците на Армијата.

 

Во текот на 2011 година реализирани се следниве значајни вежби на АРМ:

НГШ на АРМ беше прогласен за почесен член на националната гарда на сојузната држава на САД, Вермонт. Прогласувањето беше извршено од страна на НГ на Вермонт, генерал-мајор Мајкл Дуби на ден 16.03.2011 година во Домот на АРМ во Скопје.

 

На 8-ми јуни во Охрид се одржа петтата конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји.

 

На 22 јуни се одржа церемонија за доделување на орденот „Легија на заслуги“ на НГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски од Амбасадорот на САД во РМ Н.Е. Филип Рикер.

 

На 18-ти август на Централната свеченост по повод Денот на АРМ, во Центарот за обука на вода во Охрид, во присуство на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија, се изврши примопредавање на должноста, Началник на генералштабот на АРМ.

 

Должноста НГШ на АРМ ја прими генерал–мајор Горанчо Котески од генерал–потполковник Мирослав Стојановски.

 

На 21-ви септември во организација на пСО на АРМ се одржа Меѓународната показна вежба „Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“.

 

На 21-ви декември се одржа церемонија за свечено отварање на Воено медицинскиот центар на АРМ.

 

Од страна на Претседателот на Република Македонија беа одликувани 6 лица со медал за храброст заради извлекување на лица од рудникот „Бучим“.

 

Здружена Оперативна Команда се трансформира во нова организациско-формациска структура согласно стандардите на НАТО организирана во секции од Ј-1 до Ј-9 и намален број на потчинети единици.

 

Со Меморандумот за разбирање помеѓу Република Македонија и Командата за операции на НАТО од 2011 година се регулира поврзувањето на националните капацитети за воздушно набљудување и јавување со Интегрираниот систем за противвоздушна одбрана на НАТО.

 

2012


Започна нов циклус на трансформација. Процесот е планиран во текот на 2010-2011 година, а е донесен во тесна соработка со НАТО и стратегискиот партнер САД.

 

АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата „АЛТЕА“ во БиХ и во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан.

 

На 21-ви април на АП „Криволак“ се одржа методско показна вежба „Огнена поддршка на механизирана пешадиска единица во напад“. На вежбата учествуваа единици од артилерискиот баталјон, минофрлачка батерија и тенковските единици од ЗОК.

 

Оваа година АРМ на РМ го прослави јубилејот „20 години АРМ“. По повод овој јубилеј беа организирани различни активности кои вклучуваа хуманитарна помош, свечена академија, тактичко-технички зборови, кроводарителски акции, спортски натпревари и слично. Централната прослава за овој јубилеј се одржа во касарната„ Илинден“ на 18-ти август.

 

Во текот на 2012 година се изведоа следниве вежби:

Командата за логистичка поддршка се трансформира во бригада за Логистичка Поддршка (брЛП). Истата се претпочини на ЗОК.

 

Со трансформацијата се сумираа 1.мпбр од Штип и 2.мпбр од Кичево и се формира 1.мпбр. Командата на бригадата е лоцирана во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, од каде командува со потчинетите единици.

 

На 14.08.2012 година полкот за Специјални Операции (пСО) беше одликуван со „Орден за заслуги“. Орденот беше доделен од Претседателот на Република Македонија, господинот д-р Ѓорге Иванов.

 

На 07.12.2012 НГШ на АРМ присуствуваше на свечено промовирање на „Музеј за мировни безбедносно одбранбени истражувања“ во Музеј на Македонија.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10