Историја на АРМ

2009


Министерството за одбрана, во согласност со Законот за еднакви можности на жените и мажите од 2006 година, а како дел од неговата Стратегија за управување со човечки ресурси ја усвои Програмата за еднакви можности на жените и мажите. Целта беше да се постигне родова интеграција во министерството и да се отстранат пречките за пружање еднакви можности и еднаков третман на мажите и жените.

 

Беше рестартирана Воената Академија.

 

АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата „АЛТЕА“ во БиХ и во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан.

 

Во период од 6-ти до 8-ми февруари се одржа првиот регионален армиски куп во биатлон во Маврово.

 

Во етерот беше пренесена свеченоста по повод доделување на признанието „Ѕидот на беспрекорието“ на главниот наредник, Бобан Стојановиќ главен подофицер на АРМ од страна на армијата на САД.

 

На 15-ти август Началникот на канцеларија за односи со јавноста даде изјава за сите медиуми по повод експлозија пред самиот влез на Командата на „ИСАФ“ во Кабул, од каде четири наши војници се здобија со повреди.

 

Во период од 19/27.10.2009 година се одржа вежбата „Македонски блесок 05“. Во склоп на вежбата се изврши и Самооценување НИВО-2, CREVAL на средниот пешадиски баталјон и четата на воена полиција.

 

Во рамките на билатералната вежба „Предизвик 09“ од страна на бнПВО беше извршено гаѓање со „ИГЛА“ на АП „Криволак“. Гаѓањето беше реализирано заедно со претставниците на Армијата на Република Словенија.

 

За прв пат во Република Македонија се одржа Форум на подофицерскиот кор на Централна и Југоисточна Европа.

 

На 14-ти декември се одржа свеченост за доделување на одликување на припадниците од полкот за специјални операции за учество во мисијата „Слобода за Ирак“.

 

Во период од 12/23.10.2009 во Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин во Скопје се реализира логистичката командна штабна вежба „LOGEX 09“. На вежбата учество земаа претставници од Р. Македонија, Р. Хрватска, Р. Албанија USJFCOM и USEUCOM. Како набљудувачи на вежбата беа претставници од Црна Гора, Данска, Украина и Грузија. Во склоп на самата вежба беше реализирана посета на акредитираните воени аташеи во Р. Македонија.

2010


АРМ учествува во мисиите „ИСАФ“ во Авганистан, мисијата „АЛТЕА“ во БиХ и во мисијата „УНИФИЛ„ во Либан.

 

Во период од 19.04 до 23.04. се организира и реализира вежбата „Македонски блесок 06“. Целта на вежбата беше оценување според ОCC концептот. Вежбата се реализира на полигон „Пенуш“ во Штип.

 

Во период од 17/31.05.2010 на армискиот полигон „Криволак“ се реализира меѓународната вежба „Светлина-10“. Целта на оваа вежба е справување во постконфликтни ситуации и операции. На вежбата земаа учество претставници на државниот колеџ „Индијана Ривер“, „Форд Пирс“, Флорида и Воената академија „Вест Поинт“ од САД, како и претставници од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, МО на РМ и МВР, ДЗС, ЦУК, Црвениот крст на РМ, АРМ и други хуманитарни организации и институции во РМ.

 

Во период од 24.10 до 03.11.2010 се организира и реализира вежбата „Балкански блесок 2010“. Целта на вежбата беше заокружување на оценувањето според ОCC концептот на средниот пешадиски баталјон и декларираните единици (АП „Криволак“).

 

Земјата беше домаќин на четвртата координативна средба на земјите-учеснички во ЕУБГ 11/2012. На средбата се потпиша писмо со намера АРМ да учествува во оваа борбена група со придонес на трупа до 150 војници.

 

На 4-ти ноември во Скопје се одржа тринаесеттиот состанок на началниците на генералштабовите на армиите од земјите од Јадранската повелба А5.

 

На 30-ти септември пСО во реонот на Матка изведе показна вежба „Пребарување и спасување на повредени лица на непристапен терен и планински простор“.

 

На 23-ти декември капетанот Христијан Ѓоргов е одликуван со медал за посебни заслуги на Либанската армија, поради постигнатите одлични резултати и унапредување на штабната работа во рамките на Здружено оперативниот Центар (УНИФИЛ) во Нагура, Либија.

 

Во 2010 година Воената болница се трансформира во Градска општа болница „8 Септември“ и Воено медицински центар (ВМЦ) на АРМ.

 

Од нашиот придонес со сили во ИСАФ, кој започна во 2002 година, 2010 година се одбележа како година во која се постигна највисоко ниво ангажираност со вкупно 250 војници во една ротација.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10