Историја на АРМ

2007


АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак, „ИСАФ“ во Авганистан, и мисијата „АЛТЕА“ во БиХ.

 

Од 16.05. оваа година еден штабен офицер од АРМ зеде учество во мисијата „УНИФИЛ“ во Либан.

 

На 31.05 Командата на СЕЕБРИГ беше преместена од Костанца, Република Романија во Истанбул, Република Турција.

 

Во склоп на ММСЈИЕ во ноември 2007 во Костанца, Република Романија се одржа вежбата „Седум Ѕвезди“.

 

Се изведе вежбата „Македонски блесок–1“. Вежбата се изведе заедно со припадниците на вооружените сили на Велика Британија. На оваа вежба од АРМ беше ангажиран персонал од околу 500 лица.

 

Организирана и изведена е вежба „Македонски блесок–2“. Ова претставуваше вежба на специјалните единици на земјите членки на А-3, со учество на тимови специјални операции од вооружените сили на Република Македонија и Република Албанија. Република Хрватска учествуваше со набљудувачи.

 

Како национални вежби, а во согласност со „Упатството за оперативни и други постапки на Армијата во поддршка на полицијата во случај на кризна состојба“ реализирани се две вежби со МВР:

За прв пат во ЗОК и потчинетите единици на ЗОК профункционира работата во областа на односи со јавноста и комуникациите.

 

Во 2007 година командата за обука започна со прием и обука на граѓани на доброволно служење на воениот рок.

 

За постигнатите исклучителни заслуги на планот на одбраната, со Указ на Претседателот на Република Македонија на 18.08.2007 година, 1.мпбр е  одликувана со „Орден за воени заслуги“.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10