Историја на АРМ


2005


Министерството за одбрана ја основа Единицата за подготовка за враќање во цивилниот живот која имаше за цел да ги подготви припадниците на Армијата за враќање во цивилниот живот по завршувањето на нивната кариера во Армијата. Припадниците на Армијата повторно поминаа низ обука за да се здобијат со вештини кои се сметаа за корисни за транзицијата во цивилниот живот.

 

Во 2005 година АРМ целосно го предаде граничното обезбедување на МВР.

- На 01.05.2005 година извршено е примо-предавање на северната граница.
- На 01.09.2005 година извршено е примо-предавање на западната граница.

АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и „ИСАФ“ во Авганистан.

 

Во период од 22/23.02.2005 година се одржа комбинираната вежба „НАСЕТ 05“, елемент за обука на персоналот помеѓу ГШ на АРМ и НАТО Штабот во Скопје. Со оваа вежба дел од персоналот од ГШ на АРМ се извежба и обучи за брза реакција во случај на вонредни настани и одговор на барањата од страна на НШС.


Република Македонија е примена за членка на Меѓународниот совет за воени спортови.

 

Организација и учество во НАТО/ПзМ командно-штабната вежба „Кооперативно здружување 05“ која се одржа на Воената академија во Скопје.


Оваа година со трансформација на армијата се формира ЦЕИ, четата за АБХО, се трансформираа ККоВ во ЗОК, КЛ во КЛП, инженериски полк во инженериски баталјон, вВИНГ и ГШ на АРМ, гардиски баталјон во бПО, 1.пбр во 1.мпбр, бВНЈ во АСОК и бОбЛогПоддршка.


Оваа година за прв пат од Воената Болница беше упатен медицински тим во заедничкиот А-3 медицински тим во „ИСАФ“ мисијата во Кабул, Авганистан.

 

На 6-ти јули пред Генералштабот на АРМ се одви свеченост по повод примопредавањето на должноста Началник на генералштаб на АРМ. Должноста НГШ на АРМ ја прими генерал–мајор Мирослав Стојановски од генерал–мајор Ѓорѓи Бојаџиев.


2006


Во годините 2006-2007 година војската беше целосно професионализирана.

 

Во мај, Собранието ја одобри забраната за задолжителна регрутација.

АРМ согласно нејзината определба се движеше кон целосна професионализација. Ова се изврши преку организација на курсеви и школувања на Воената академија, што претставуваше еден од условите за членство во НАТО.

 

АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и ИСАФ во Авганистан.

 

На 24-ти март во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ се одржа свеченост по повод промоцијата на Втората механизирана пешадиска бригада. Истата се одвиваше во присуство на претседателот на државата Бранко Црвенковски.

 

На 5-ти и 6-ти април се реализира заедничката вежба „НАСЕТ 06“ помеѓу ГШ и НАТО штабот во Скопје.

 

На 12-ти април се промовираа баталјонот за врски, логб, 1.логб, 2.логб и 3. логб од составот на КЛП, а во текот на истиот месец беа промовирани и оклопниот баталјон  и самоодниот хаубички баталјон од составот на ЗОК.

 

Од 10-ти до 23-ти септември беше реализирана воена вежба „Надоаѓање на современата армија“ во Центарот за обука во Пепелиште во која учество зедоа единици на Воената полиција на АРМ и Националната гарда од Вермонт, САД.

 

Во септември оваа година се промовира баталјонот на Воена Полиција.

 

ОД 2-ри до 8-ми октомври се одржа заедничка вежба на специјалните единици на армиите на Р. Македонија и Р. Бугарија, „Балкански волк“.

 

На 28-ми октомври беше изведена една од најголемите тактички вежби под името „Засилена механизирана чета во напад“. Вежбата ја изведоа Леопардите од 2.мпбр.

 

Во рамките на иницијативата на Мултинационалните мировни сили на ЈИЕ за првпат  од неговото формирање штабот на СЕЕБРИГ  беше упатен во мировна мисија. Република Македонија партиципираше со 10 припадници од АРМ, а мисијата се  одвиваше во период од февруари до август 2006 година како дел од контингентот ИСАФ во Авганистан.

 

На 23.11.2006 година се изврши промоција на Полк за специјални операции (пСО).

 

Оваа година се изврши дислокација на схаб од гарнизонот Прилеп во Гарнизонот во Велес.

 

На 14.07.2006 година во мисијата „АЛТЕА“ во БиХ, со еден контингент во операцијата „Букефал“ за прв пат во историјата на АРМ учество зеде и военото воздухопловство на АРМ (под капата на ЗОК). Задачите на оваа операција беа транспорт на трупи и ВИП персонал, набљудување на воздушниот простор, посебно пограничните региони и пружање на помош на цивилни структури при елементарни и други непогоди.

 

На 20-ти ноември замина првата ротација на Медицинскиот тим (9 лица) во рамките на мисијата АЛТЕА во БиХ.

 

Оваа година се изврши укинување на ЦОБР и РБП – потчинети единици на КзО.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10