Историја на АРМ

2003


АРМ продолжи со својата учеството во мисијата ИСАФ во Авганистан.

 

Во јуни АРМ започна со учество во мисијата во Ирак, „Слобода за Ирак“.

 

Во мај 2003 година владата на Република Македонија направи Стратегиски одбранбен преглед, што доведе до усвојувањето на нова државна стратегија за безбедност (Национална концепција за безбедност и одбрана), како и Политичка рамка истата година. Оваа правна рамка имаше за цел да ја реформира територијалната одбрана на војската во однос на употребливост и одржливост.

 

Во декември 2003 година, Командата за Специјални Единци прерасна во Команда на Одред за Специјални Намени, Одредот за Специјални Дејства се трансформира во Баталјон за Специјални Намени, се формира Ренџерски Баталјон (од Извидувачки Баталјон и падобранската единица од Петровец), а Баталјонот на воена полиција излезе од составот на КСЕ и ИБ и остана да постои како таква единица.

 

Македонското Собрание ја усвои Националната концепција за безбедност и одбрана, важен стратешки документ за безбедносниот сектор со кој се дефинираат заканите, стратешките интереси и вредностите на македонската безбедност.

 

По повод Денот на АРМ, 18-ти Август од страна на 1.пбр беше реализирана вежбата „Здружено копнена – воздушна операција за поддршка на мирот“. Со вежбата раководеше командантот на КоВ.

 

Во текот на оваа година се одвиваше трансформација на командата на 1.Корпус во команда на КоВ. Како дел на трансформацијата извршено е гасење и расформирање на 25.лпбр, 41 лпбр, 1.мап и 1.мпоап, како и извршена е трансформација на центарот за обука на граничари и формирање на 8.пбр.

 

Логистичкиот наставен центар од 01.04.2013 година започна да функционира по новата поставеност.

2004


АРМ учествува во мисиите „Слобода за Ирак“ во Ирак и Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ) во Авганистан.

 

Започна процесот на професионализација на АРМ.

 

Врховниот командант на ВС и Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, загина во авионска несреќа во Босна на 27-ми  февруари. Претседателот беше погребан со највисоки воените почести.

 

На 12-ти март се изврши примопредавање на должноста Началник на генералштаб на АРМ.

 

Должноста НГШ на АРМ ја прими генерал–мајор Ѓорѓи Бојаџиев од генерал Методи Стамболиски.

 

Во 2004 година АРМ постепено започна со предавање на граничното обезбедување на МВР:

- На 07.05.2004 година извршено е примо-предавање на јужната граница помеѓу 2.грб и гранична полиција.
- На 01.09.2004 година извршено е примо-предавање на источната граница помеѓу 2.грб и гранична полиција.

Оваа година се изведе вежбата „Чебрен“. Вежбата се изведе заедно со припадниците на МВР.

 

Актерот Мите Грозданов изврши посета на 18 издвоени објекти–караули каде ја изведе мелодрамата „Хронологија од група автори“.

 

Организирана и изведена е билатералната вежба „Заеднички коридор 2004“. Вежбата е изведена од страна на командата и единиците на КОВ.

 

Отпочнат е процес за модернизација  на воздухопловни со уреди за ноќно летање.

 

За прв пат во историјата на АРМ е организирано и изведено гаѓање на цели во воздух (падобранци) со ПАТ 20/3 мм.

 

Оваа година се изврши укинување на ЦОРСЕ – Скопје, дел од единиците се дислоцирани во ЦОБР и РБП во Битола и ЛНЦ во Скопје, дел од единиците се предислоцирани во гарнизонот Велес.

 

Касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје е предадена на МВР.

 

Преку ФМФ фондовите на САД целосно беа опремени неколку центри за изучување на странски јазици.

 

Проектот го потпомогна изучувањето, пред се на англискиот јазик  на персоналот од АРМ.


1 2 3 4 5 6 7 8 9 10