Историја на АРМ


1997


24 март – Во Скопје започна Главната конференција на првата мултинационална вежба што се одржа во Република Македонија од 11-ти до 17-ти мај 1997 година, „Спасител ’97“.

12/16 мај – На воениот полигон „Пепелиште“, кај Неготино, е одржана мултинационалната воена вежба „Спасител ’97“, прва од ваков вид организирана на територијата на Република Македонија.

 

22/31 август – Во Пепелиште се одржа билатералната „Медицинска вежба ’97-2“.

1998

15 јуни – Во Република Македонија беше изведена воздушна вежба на НАТО „Решителен сокол“, со учество на 79 авиони. На вежбата учествуваа и припадници на единицата за специјални намени „Волци“.

11/18 септември – На воениот полигон „Криволак“ се одржа мултинационалната вежба „Најдобар кооперативен зафат ’98“ со учество на 26 земји, од што 13 земји членки на НАТО и исто толку на ПзМ.

2 декември – Владата на РМ донесе одлука за доаѓање на НАТО силите во Република Македонија во функција за извлекување на верификационата мисија на НАТО во Косово.

1999

2 март – Во Скопје, во касарната „Гоце Делчев“ се промовирани 64 водници на Армијата на Република Македонија, прва класа подофицери произведени во Центарот за воено образование и обука, денес Воена академија на РМ.

29 јули – Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје е промовирано произведување во офицерски чин потпоручник на питомците од првата генерација.

2000

14 март – Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски донесе уредба за видот на униформите на припадниците на АРМ.

19 јануари – Во Скопје во Воената болница, под раководство на кардиохирургот д-р Жан Митрев, е отворен првиот Центар за кардиохирургија во РМ.

16 јуни – Основана е Првата гранична бригада на Армијата на Република Македонија.

 

21 април – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието „Современа македонска одбрана“.

16 октомври – Врховниот командант на вооружените сили и претседател на РМ Борис Трајковски и го предаде военото знаме на Првата пешадиска бригада од силите за брзи реакции од првиот корпус на АРМ. Со тоа е промовирана почетната оперативна готовност на Бригадата.

19 декември – Во Скопје, во Воената академија на РМ, беа промовирани првите подофицери за основни командирски должности за пешадискиот род на Армијата на Република Македонија, школувани според стандардите на НАТО.


Во состав на ГШ на АРМ формиран е Центар за контрола на вооружувањето. Истиот е потчинет на Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ


2001

23 февруари – Во Скопје е потпишан договорот за утврдување на границата меѓу Македонија и СРЈ.

13 мај – Формирана Владата на политичко единство со цел да зајакне безбедноста на државата и да дојде до нејзино стабилизирање.

 

30 мај – Собранието на РМ го донесе Законот за одбрана (Сл. весник на РМ бр. 42 од 1-ви јуни 2001 година). Првиот Закон за одбрана по осамостојувањето на РМ е донесен на 14 февруари 1992 година.

23 јуни – Двата борбени авиони „Сухој 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејства над македонското небо.

13 август – Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски на СДСМ, Бранко Црвенковски на ДПА, Арбен Џафери и на ПДП, Имер Имери, го потпишаа Рамковниот договор за разрешување на политичката и безбедносната криза во земјата. Согласно со Договорот, следеше мисијата „Жетва“, а потоа и мисијата на „Килибарните лисици“ во нашата земја.

 

Со трансформација на Армијата на 19-ти март 2001 во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје беше формирана Командата за обука на Армијата на Република Македонија со три центри за обука: Центар за пешадиска обука (Битола), Центар за граничари (Велес) и Центар за родови и служби (Скопје). Центарот за контрола на вооружувањето се вклучи во новата формација на ГШ на АРМ.


2002

29 април – Одбележана 50 годишнината од Организацијата на воените старешини на РМ. За своето полувековно организирано и активно постоење Сојузот на воените старешини на РМ цврсто се втемели во нашето постоење како државна заедница. Активностите и задачите на планот на едукација и на обучување на резервните воени старешини ОВРСМ го остварува во непосредна соработка со МО и со ГШ на АРМ и според НАТО стандарди.

 

Јануари–август, Имплементација на Рамковниот договор. Враќање на мирот, но политиката и безбедносната состојба и натаму не е стабилна и е оптоварена со нерешени прашања. Распишување парламентарни избори …

Првиот придонес на Република Македонија надвор од нејзините граници започна во 2002 година во рамките на НАТО-предводената мисија ИСАФ во Авганистан.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10