Мисија:

Да изведува мисии на поддршка на внатрешната безбедност на Република Македонија и поддршка на надворешната и безбедносна политика на Република Македонија со изведување на специјални и специфични офанзивни операции во сите земјишни и временски услови.

Задачи:

1. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на директни акции;
2. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на длабинско извидување и набљудување;
3. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на операции за поддршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста и одбраната на Р.Македонија;
4. Планирање, организирање, обучување и изведување на операции за поддршка на државните институции во услови на елементарни непогоди и несреќи на територијата на Р. Македонија.