Мисија:

Обезбедува потполно организирани, обучени и опремени единици за изведување на специјални операции и специфични конвенционални операции, самостојно или во содејство со други единици на АРМ и други коалициони сили, во сите временски и земјишни услови за време на мир, кризна состојба и војна за поддршка на мирот и превенција на конфликти како дел од севкупните напори за поддршка на внатрешната безбедност и надворешната политика на Република Македонија.

Задачи:

1. Фокусирање на планирањето, организирањето, опремувањето и обучувањето за успешно извршување на мисијата;
2. Обезбедување на разузнавачка поддршка за успешно извршување на мисијата;
3. Обезбедување на потребните ISTAR капацитети за успешно извршување на мисијата на АРМ;
4. Учество со декларирани сили во планирање, организирање и обучување за извршување операции во склоп на операциите за стабилизација и за подршка на мирот и превенција на конфликти и справување со регионални конфликти и кризи, во состав и/или предводени од меѓународно договорени сојузи надвор од Р.Македонија;
5. Соработка (билатерална и мултилатерална) во функција на градење на доверба и унапредување на регионалниот и глобалниот мир и стабилност;
6. Извршување на операции за поддршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста и одбраната на Р.Македонија;
7. Извршување на операции за поддршка на на државните институции во случај на елементарни непогоди и несреќи на територијата на Р.Македонија;
8. Обезбедува потребна борбено сервисна поддршка на единиците при извршување на задачите;
9. Обезбедува правилен менаџмент со персоналот (управување со човечките ресурси);
10. Обезбедува правилно менаџирање со финансиските средства и буџетирање;
11. Обезбедува адекватен КИС за потребите на мисијата;
12. Обезбедува ефикасни воено-цивилно односи, координација со цивилните структури (владини и невладини организации и здуженија) со цел поддршка на мисијата.