Историја:
- На 1 Март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени под името „Волци“;
- Како Команда на Специјални Единици функционираше од 2002 до 2003 година;
- Во декември 2003 година со одлука на Врховниот Командант на Армијата на Република Македонија единицата е преструктуирана во Одред за Специјални Намени;
- Во ноември 2006 година извршено е преструктуирање на единицата во полк за Специјални Операции (пСО).

Критериуми за прием во пСО:
Основни критериуми:
- Завршено средно училиште - IV степен;
- Отслужен воен рок;
- висина 170 см;
- возраст до 29 години, вработени во АРМ;
- предселективни проверки;
- психофизички проверки - 206 поени (мин 60 поени по дисциплина);
- Проверка на здравствената состојба;
- Проверка во пливање.
- Селективен курс (12/24 дена).

Дополнителни бодови:
- ако постигнеш 240 поени на физичка проверка;
- ако си државен репрезентативец во спортски дисциплини;
- ако си член на планинарски, падобрански и нуркачки друштва;
- ако имаш добро познавање на странски јазици.

Општо за обуката во пСО:
Основна обука – 6 месеци:
- прва фаза: обука на поединец;
- втора фаза: тимска обука.

Специјалистичка обука - 9 месеци:
- прва фаза: обука по специјалности;
- втора фаза: тимска специјалистичка обука.

Специјалистичката обука се состои од:
- обука на високо планинско земјиште;
- падобранска обука;
- летна алпинистика и планински операции;
- обука на вода, пливање и нуркање;
- обука во преживување и исхрана во природа;
- борба во населени места;
- тактитка на мали единици;
- гаѓања;
- обука во боречки вештини;
- изучување на странски јазици.

Мисии надвор од Република Македонија:
- полкот за Специјални Операции од јуни 2003 до јуни 2008 година учествуваше со 11 ротации на контингенти во мисијата “Слобода за Ирак”;
- учество во мировната мисија “ISAF-Phoenix” во Авганистан во период од мај до декември 2010 година;
- учество на поединици во состав на мисиите во Босна, Либан и Авганистан.

Добиени одликувања:
- Орден за заслуги доделен на 14.08.2012 година од Претседателот на Република Македонија, господинот д-р Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од основањето на Армијата на Република Македонија;
- Медал за храброст...........................................................6 припадници;
- „Bronze star”.......................................................................8 припадници;
- „Achievment medal“.......................................................43 припадници;
- „ARCOM medal“ .............................................................68 припадници;
- „НАТО medal“.................................................................46 припадници;
- „Altea medal“.....................................................................2 припадника.
- „Vermont national guard medal“.................................79 припадника.

Учество во меѓународни вежби:
2009 година:
• вежба „Македонски блесок 05”, според концептот за оперативни способности;
• вежба „Чекор напред 02”- самооценување ниво-2;
• обука за борба во урбана средина, со инструктори од специјалните сили на Армијата на САД;
• здружена вежба на специјалните сили на Р. Турција, Р. Босна и Херцеговина Р. Албанија и Р. Македонија „Mostar-09”, Р. Турција – јуни;
• здружена вежба на специјалните сили од земји – членки на НАТО и ПзМ „Jackel Stone 09”, Р. Хрватска - септември;
• здружена вежба за врски “Здружени напори”, Босна и Херцеговина - септември;
• обука за летна алпинистика и јазење „Bovila-09”, Р. Албанија – октомври (учесници: Р. Албанија, Р. Македонија, Р. Хрватска и Швајцарија).

2010 година:
• заедничка обука во скијање со припадниците на АРМ и ВС на Црна Гора – март;
• заедничка обука „JCET 2010” на специјалните сили на АРМ и Армијата на САД - јуни;
• Планинска обука „Пребарување и спасување на непристапни терени и планински простори” со инструктори од Швајцарија - септември (учесници: Босна и Херцеговина, припадници од пСО и претставници од ДЗС, ЦУК, МВР и Црвен Крст на Р. Македонија);
• здружена вежба за врски “Здружени напори 2010”, СР Германија – септември;
• „Балкански Блесок 2010”, НАТО оценување ниво-2 – октомври/ноември.

2011 година:
• Заедничка обука во нуркање во Р. Албанија. • Вежба „Logical Decision-2011”, во Р. Унгарија. • здружена вежба “Здружени напори 2011”, во СР Германија. • Планинска обука „Пребарување и спасување на непристапни терени и планински простори”, во Р.Македонија (земји учеснички: Швајцарија, Р.Хрватска и Р.Србија).

2012 година:
• Здружена вежба „Cooperative Longbow/Lancer 2012“ - мај;
• Носители на меѓународна здружена вежба Б-9 „WISE WOLF“ на специјалните единици од армиите на балканските држави– јуни;
• Заедничка планинска обука со тим од Вермонт - јули;
• Обука во летна алпинистика и јазење (ниво 1 и 2) со инструктори од Швајцарија – септември.
• Мултинационална воздухопловна вежба „Logical Decision 2012“ – октомври.

2013 година

• Заедничка обука со инструктори од Армијата на САД „ЈСЕТ“ во месец Февруари и Јуни;
• Учество на заедничка вежба „Joint Reaction“ во Р. Албанија во месец Јуни;
• Заедничка обука со инструктори од Армијата на Р. Турција за обезбедување на ВИП личности, во месец Јули;
• Вежба на специјалните сили на балканските земји Б-9 во Р. Србија, во месец Октомври;
• Заедничка обука во нуркање со инструктори на Армијата на Р. Турција, во месец Ноември;