Историја:

На 1-ви Март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени (6.Одред) под името „Волци“. Во 1998 година поставена е првата тимска формација на единицата и преименување на единицата во Единица за специјални намени. Во 2001 година единицата стана дел од ЕБПТ, а по формирање на КСЕ, единицата влезе во нејзиниот состав како Одред. Во 2003 година единицата е преструктуирана во баталјон за Специјални Намени.

Формирањето на оваа единица, го одбележа процесот на професионализација на АРМ. Уште од формирањето на баталјонот за специјални намени па до денес, кандидатите за прием во оваа единица подлегнуваат на специфични критериуми на селекција, со кои се бара висок степен на психофизичка подготвеност, без оглед дали станува збор за старешини или за професионални војници.


Обука и вежби


• Падобранска обука со Армијата на САД -1995;
• Вежба со ВС на САД „Зима 96“ – Попова Шапка;
• Медицински курс со ВС на САД;
• Прв подофицерски курс, 1996;
• Прва армиска падобранска обука, 1996;
• Прва нуркачка обука, 1996.
• Прва соработка со Р. Турција – командо обука, 1997;
• Прва алпинистичка обука, 1997;
• Учество на првата меѓународна воена вежба на „Спасител 98“.
• Прв селективен курс за прием во единицата, 2000;
• Почеток на соработката со ВС на Швајцарија, 2000 .
• Почеток на соработката со ВС на Р. Албанија и Р. Грција, 2004;
• Почеток на соработката со земјите во А3 групата, 2006;
• Вежба „Балкански Волк“
• Вежба „Македонски Блесок“, 2007;
• Вежба „Јадрански орел 08“, 2008;
• Учество на меѓународна воена вежба Мостар 08 и 09 во Р.Турција.
• Учество на билатерална воена вежба во Р. Унгарија, 2011, 2012.


Мисии надвор од Република Македонија

 

Баталјонот за Специјални Намени учествуваше со свој персонал во неколку мировни мисии во Ирак, Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина.
За учество во наведените мисии припадниците на контингентите беа наградени со голем број на пофалници, медали и други стимулативни мерки и одликувања.


Добиени одликувања

 

Во 2005 година со указ на Претседателот на Република Македонија баталјонот за Специјални Намени е одликуван со „ОРДЕН ЗА ВОЕНИ ЗАСЛУГИ“ – прв доделен орден во Република Македонија.