Мисија: 

Планира, организира и изведува специјални операции со цел заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија.


Задачи:

  1. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на специјални операции со цел уништување или онеспособување на непријателски цели и објекти; 
  2. Одржување на способност за организирање, обучување, советување и пружање на помош за стабилизација и за поддршка на мирот во состав и/или предводени од меѓународно договорени сојузи надвор од Р. Македонија; 
  3. Планирање, организирање, опремување и обучување за изведување на операции за поддршка на државните институции во услови на елементарни непогоди.