Мисија:

Организација, координација и реализација на индивидуална обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав, поддршка на колективната обука на командите и единиците на Армијата на Република Македонија и развој на Доктрините и научените лекции во Армијата на Република Македонија.

Задачи:

1. Подготовка и развој на Планови и Програми за индивидуална обука на војници, питомци, подофицери и офицери од активниот и резервниот состав на Армијата на Република Македонија;
2. Реализација на основна воена обука на војници на доброволно служење на воен рок во Армијата на Република Македонија, на питомците и кандидатите за офицери за службите во Армијата на Република Македонија;
3. Реализација на обука на професионалните војници и подофицерите и нивен континуиран професионален развој;
4. Реализација на јазична обука за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија;
5. Одгледување и обука на службени кучиња и обука на водачи на службени кучиња;
6. Поддршка на колективните форми на обука и вежбите на единиците на Армијата на Република Македонија;
7. Поддршка на обуката на вода и на обуката во зимски услови;
8. Развој на доктрини, правила, упатства, прирачници и научени лекции во Армијата на Република Македонија.