Историја:
Со цел да се подобри квалитетот на обука на Армијата во 1996 година беа формирани неколку центри за основна и специјализирана индивидуална обука на војниците, додека колективна обука беше направено во единиците. Беа формирани центри за обука на: пешадија, артилерија, логистика, граничари, воена полиција и извидница.

Со намалувањето на Армијата на 19 март 2001 во касарната Гоце Делчев во Скопје беше формирана Командата за обука на Армијата на Република Македонија со три центри за обука: Центар за пешадиска обука (Битола), Центар за граничари (Велес) и Центар за родови и служби (Скопје).

На 15 Декември 2006, со имплементација на одредбите од Стратешкиот преглед на одбраната и динамичкиот план за трансформација на единиците, Командата за обука е трансформирана и во својот состав ги интегрира:
- Центарот за индивидуална обука (Велес),
- Центарот за обука и дресура на кучиња (Ѓорче Петров, Скопје),
- Центарот за странски јазици (Гоце Делчев, Скопје),
- Армискиот полигон Криволак (Криволак),
- Центарот за обука на вода (Охрид),
- Центарот за обука во зимски услови (Попова Шапка) и
- Стрелиште Петровец (Петровец).

Од март 2010 година, во составот на Командата за обука е придодаден и Центарот за обука на питомци (Гоце Делчев, Скопје).

Во 2012 година на АП Криволак формиран е Центар за поддршка на обуката во чиј состав влегуваат: Центарот за обука на вода - Охрид, Центарот за обука во зимски услови- Попова Шапка и Стрелиште Петровец.

Во составот на КОД Формиран е и Центар за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции со седиште во Велес.