Мисија:

Поддршка на колективната обука на командите и единиците на Армијата на Република Македонија при реализација на планираните тактички вежби, гаѓања, обука на вода и обука во зимски услови.

Задачи:

1. Обезбедување на услови за реализација на планираните вежби и гаѓања на АП Криволак и стрелиште Петровец;
2. Поддршка на командите и единиците во креирање и реализација на планираните вежби во Центарот за симулации;
3. Реализација на индивидуална обука и поддршка на колективната обука во кампот за обука на вода;
4. Поддршка на индивидуалната и колективната обука на единиците на Армијата на Република Македонија во кампот за обука во зимски услови.