Мисија:

Организација, подготовка и реализација на обука со питомците и кандидатите за офицери во Армијата на Република Македонија.

Задачи:

1. Изработка на Планови и Програми за организација и реализација на обуката обука со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата на Република Македонија;
2. Организација и реализација на индивидуална и општа воена обука до ниво на вод со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата на Република Македонија;
3. Организација и реализација на обука во зимски услови и скијање со питомците;
4. Организација и реализација на обука на вода и пливање со питомците;
5. Организација на обука во управување со м/в и полагање возачки испит со питомците;
6. Организација на стажирање на питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата на Република Македонија;
7. Организација на стручно специјалистичка обука за родови (Курс за командири на водови) со питомците;
8. Организација и реализација на воннаставни воспитно-образовни активности со питомците и кандидатите за офицери на службите во Армијата на Република Македонија.