Мисија:

Одгледување и дресура на кучиња за различни намени како и оспособување на инструктори и војници за водачи на службени кучиња за потребите на АРМ.

Задачи:

  1. Одгледување, репродукција, нега и исхрана на службени кучиња;
  2. Изработка на Планови и Програми за изведување на дресура на службени кучиња за различни намени;
  3. Изведување на дресура на службени кучиња за различни намени (чувари, заштитни и кучиња за специјални намени);
  4. Стручно усовршување и оспособување на инструктори - водачи на службени кучиња за различни намени;
  5. Изведување на редресура на службени кучиња од единиците на Армијата на Република Македонија;
  6. Обука на војници - водачи на службени кучиња.