Мисија и задачи на Г-9/ГШ на АРМ:
Мисија:

Планира, организира и координира мерки и активности за цивилно воена соработка со владини и невладини организации и други цивилни субјекти во мирно времени и воени услови и дава насоки за реализација на ЦВС при упатување на контингенти на Армијата на Република Македонија во мировни и хуманитарни мисии.

Задачи:
  1. Утврдува потреби и планира цивилно - воена соработка во АРМ.
  2. Обезбедува сите аспекти на цивилно воената соработка да бидат вклучени и имплементирани во планирачките документи на стратегиско рамниште.
  3. Обезбедува насоки за спроведување на цивилно воената соработка при планирање и реализација на воени операции, вежби и обука.
  4. Соработува, координира и дава насоки за цивилно воена соработка при упатување на контингенти на Република Македонија во мировни и хуманитарни мисии.
  5. Планира и имплементира обука на персоналот за ЦВС.
  6. Воспоставува контролни механизми за евалуација на функционирањето на воспоставениот систем за ЦВС.
  7. Соработува со другите управи во ГШ на АРМ и со одговорната организациона единица за ЦВС во МО на РМ.
  8. Доставува редовни и периодични извештаи и води евиденција за научените лекции од доменот на ЦВС.
  9. Изработува предлог-финансиски план за ЦВС.
  10. Планира и координира активности за заштита и унапредување на животната средина и културно историските споменици во рамките на цивилно воената соработка .
  11. Изработува документација за регулирање на работата од својата надлежност.