Мисија и задачи на Ј-8/ГШ на АРМ:

 

Мисија:

Планирање на финансиски ресурси за развој и редовна дејност согласно програмската структура на Армијата, извршување на финансиското работење во Армијата.

Задачи:

  1. Примена на принципите и прописите од доменот на планирањето, програмирањето, буџетирањето и извршувањето на буџетот и финансиските планови.
  2. Изработува долгорочна проекција на буџетот на АРМ во соработка со МО-СФ.
  3. Доставува насоки за изработка на предлог-буџетот за командите и единиците.
  4. Изработка на збирна предлог-пресметка за буџетот на АРМ.
  5. Изработка на предлог- финансиски план на АРМ.
  6. Изработка на збирен план за набавки врз основа на одобрениот финансиски план и предлозите на носителите на планирање.
  7. Организација и координација на изработката на предлог буџетот и финансиските планови.
  8. Организација на финансиското обезбедување во АРМ, врз основа на предлогот на потчинетите команди и единици.
  9. Организира водење на материјално книговодство во АРМ.
  10. Организира устројување и водење на материјалните евиденции и нивно затварање во ГШ на АРМ.
  11. Води книга на кусоци и оштетувања за ГШ на АРМ.
  12. Организација на водење на финансиски книги и евиденции во АРМ.
  13. Организирање на семинари и советувања за стручно оспособување на персоналот од финансиска служба.
  14. Учествува во изработка на упатства, нормативи и процедури од доменот на финансиското работење.
  15. Комуникација со МО-СФ по сите прашања во врска со буџетот и финансирањето на АРМ.
  16. Следење и анализа на приходите и расходите во командите и единиците.
  17. Следење и анализа на реализацијата на буџетот и на финансискиот план на АРМ.
  18. Следење и анализа на реализацијата на финансискиот план на командите и единиците.
  19. Обезбедува навремени информации во врска со финансиското работење за потребите на командите и единиците.
  20. Обезбедување на парични средства за плаќања во готово за потребите на АРМ.
  21. Предлага висина на касовиот максимум на благајните во командите и единиците.
  22. Менаџмент со финансиските ресурси во АРМ.
  23. Следење на прописите од областа на финансиите и сметководството и нивна примена во АРМ.
  24. Претходна и дополнителна контрола на материјално-финансиската документација во АРМ.
  25. Врши внатрешна контрола на материјално-финансиското работење во АРМ.
  26. Учествува во организацијата и спроведувањето на пописот на средствата, обврските и побарувањата.