Мисија и задачи на Ј-6/ГШ на АРМ:

МИСИЈА

 

Планира, координира и контролира комуникациско-информациски систем (КИС) за успешно командување и контрола (К2) со командите и единиците на АРМ во мир, вонредна и кризна состојба, и војна.

 

ЗАДАЧИ

  1. Учество во изработка на организацијата и формацијата на Армијата и предлагање на формациски елементи од областа на комуникациско-информациски системи (КИС);
  2. Учество во изработка на план за употреба на Армијата и предлагање на организација на КИС;
  3. Учество, предлагање и планирање на организација на КИС при зголемување на борбената готовност на Армијата;
  4. Учество во планирањето на годишната програма за опремување на Армијата од областа на КИС;
  5. Учество и предлагање на елементи од областа на КИС во процесот на планирањето на годишниот план за вежбовни активности на Армијата;
  6. Учество и предлагање на персонал од областа на КИС во планирањето на годишниот план за школување, стручно оспособување и усовршување на лицата на служба во Армијата;
  7. Предлагање на персонал од областа на КИС во планирањето на лицата на служба во Армијата за школување и стручно оспособување;
  8. Спроведување на годишниот финансиски план за потребите на Армијата од областа на КИС одобрен од Министерството за одбрана и следење на ефикасноста и наменската реализација на средствата согласно со прописите донесени од министерот за одбрана;
  9. Следење на борбената готовност на Армијата од областа на КИС и преземање мерки за нејзино подобрување;
  10. Организирање и следење на спроведувањето на мерките за готовност на Армијата од областа на КИС и преземање мерки за нивно извршување;
  11. Планирање, организирање и подготвување на КИС за командување и контрола во Армијата;
  12. Планирање и организирање на систем за криптозаштита и информатичка безбедност на класифицираните информации за Армијата;
  13. Учество во организирање и спроведување на противелектронско обезбедување;
  14. Учество во уредувањето на територијата за потребите на Армијата и предлагање на активности од областа на КИС во соработка со К4 на МО на РМ;
  15. Планирање и предлагање на активности во процесот на изработка на стручни правила и упатства за КИС во АРМ.