Мисија и задачи на Ј-4/ГШ на АРМ:

 

Мисија:


Носител на логистичката подршка во ГШ на АРМ е Секцијата Ј-4 (Ј-4/ГШ), која има одговорност за логистичко планирање и координација на сите мерки и активности за логистичка подршка на АРМ.Својата работа и активност ги заснова на добиените задачи од НГШ на АРМ, насоките и политиките добиени од Секторот за логистика на МО, политиката, Доктрината и стандардите во НАТО логистиката, воочените потреби за логистичка подршка на потчинетите единици. Служи како контролен авторитет за реализација на мерките и активностите за достигнување на потребно ниво на подготвеност на единиците на АРМ од аспект на логистичката подршка. Во рамките на своите и пренесените овластувања-надлежности, Ј-4/ГШ делува како плански логистички орган во АРМ, при што има примарна одговорност во следните области:

Општо: Снабдување: Одржување: Движење и транспорт: Медицина: Инфраструктура: Услуги: