Мисија и задачи на Ј-3/ГШ на АРМ

Мисија:


Следење, контрола и оценување на борбената готовност на АРМ, организација и следење на спроведувањето на мерките за готовност на командите и единиците на АРМ и организација и координација на операциите на АРМ во Република Македонија и во странство.


Задачи:

  1. Следење, анализирање и контрола на борбената готовност на АРМ.
  2. Предлага мерки за подобрување на борбената готовност на АРМ.
  3. Следи, анализира и го контролира спроведувањето на мерките за готовност на АРМ.
  4. Организира и ги координира операциите на АРМ во Република Македонија.
  5. Координира и ги организира операциите за поддршка на силите на МВР, органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа и други владини и невладини организации и институции како и на граѓаните во справувањето со природни непогоди, епидемии, техничко-технолошки и други несреќи.
  6. Учествува во планирањето за учество на АРМ во операции надвор од територијата на Република Македонија.
  7. Организира, координира и ги следи операциите на АРМ надвор од територијата на Република Македонија.
  8. Организира и ги следи мерките за заштита на силите на АРМ.
  9. Координира, организира и го следи мирновременото функционирање на единиците на АРМ.
  10. Носител е на изработка на предлог Програма 3 „Функционирање на АРМ“ согласно СППБИ.
  11. Предлага изработка на стручни правила, процедури и норми кои се однесуваат на борбената готовност и операциите.
Задачи на одделението за борбена готовност (ОБГ)

Задачи на одделението за операции (ООП)

Задачи на Оперативниот центар на ГШ на АРМ (ОЦ/ГШ на АРМ)