Мисија и задачи на Ј-1/ГШ на АРМ

Мисија:

Да менаџира со персоналот во АРМ во мир и војна, да врши анализа и примена на законските регулативи и прописите, да спроведува селекција и водење на персоналот во текот на службата, да се грижи за моралот и состојбата на персоналот во армијата.

 

Задачи:

Ј-1 е организациска единица на Генералштабот која го реализира Персоналниот менаџмент на АРМ и ги извршува следните задачи:

  1. Го планира, управува и спроведува системот за селекција, унапредување и водење на персоналот.
  2. Персонален менаџмент со офицери, подофицери, професионални војници и цивилни лица во АРМ.
  3. Планирање и реализација на програмите за професионален развој, воено школство, воено образование во земјата и странство.
  4. Анализа и распоред на персоналот според приоритетите за пополна на единиците и нивната готовност.
  5. Програмира и спроведува програми од областа на социјална заштита.
  6. Врши проценка и анализа на состојбата на моралот и персоналот и презема активности за негово јакнење низ соодветни мерки и постапки.
  7. Изработува и спроведува програми од областа на културните дејности и рекреативните активности.
  8. Го планира и реализира архивското работење во ГШ на АРМ и за таа цел ја прима, евидентира и дистрибуира целокупно пристигнатата пошта - акти во ГШ на АРМ.
  9. Тесно соработува со сите J-организации за што поефикасно извршување на задачите кои се во тесна врска со J-1.
  10. Во реализацијата на своите функции во целост ги спроведува Законот за одбрана, Законот за служба во АРМ, Законот за работни односи, Законот за ПИОМ, како и останатите законски и подзаконски акти со кои е регулирана одбраната на РМ.