НГШ на АРМ

Извршен офицер на ЗНГШ:

потполковник Сашо Јанев

 

Дата и место на раѓање:

31 август 1966 година, Штип, Република Македонија.

 

Воено образование:

  • Воздухопловна Општа Средна Воена Школа, Мостар, Босна и Херцеговина, 1985 година;
  • Воена академија на КоВ, насока ОМЕ, Белград, Република Србија, 1991 година;
  • Постдипломски студии - Специјализација за командни и штабни должности Воена академија во Скопје, 2005 година;
  • НАТО Одбранбен Колеџ во Рим, Република Италија, 2006-2007 година.

Обуки:

  • Курс за НАТО оперативно планирање, организиран од страна на НАТО Здружената Команда од Лисабон, во Штип, Република Македонија, 2011 година;
  • Курс за место и улогата на одбранбен аташе, организиран од страна на Женевскиот Центар за мировни студии од Швајцарија, во Скопје, Република Македонија, 2011 година;
  • Курс за замена единици и примопредавање на должност, во Скопје-Р. Македонија, 2009 година;
  • Курс за менаџмент на промени и раководење, во Скопје, Република Македонија, 2009 година;
  • Курс за планирање на вежби и настани во склад со НАТО - OCC концептот, во Брунсум, Холандија, 2008 година;
  • Курс за подготовка на единиците за учество во мировни операции, во Обединетото Кралство, 2007 година;
  • Курс за воена терминологија за штабни офицери (SOMTT), во Скопје-Р. Македонија, 2005 година;
  • Курс по англиски јазик, полуинтензивен, Штип, Р. Македонија, 2005 година;
  • НАТО разузнавачки курс за командири - команданти, во Штип, Република Македонија, 2004 година;
  • Курс за централна улога на командантот, во Криенс, Швајцарија, 2004 година;
  • Курс за вештини на англискиот јазик за штабни офицери, во Сплит-Р.Хрватска, 2002 година;
  • Курс за англиски јазик по Британска програма, во Штип-Р.Македонија, 2000 година;
  • Курс за НАТО воена терминологија за штабни офицери, во Алборг-Данска, 1999 година;
  • Курс за воени набљудувачи при ООН, во Амерсфот, Холандија, 1999 година.

Воена кариера:

  • Командир на механизиран вод, 1991 година;
  • Командир на стрелечки вод, 1992-1994 година;
  • Командир на вод во воена полиција, 1994-1997 година;
  • Командир на извидувачка чета, 1997-1999 година;
  • Референт за обука во оклопен баталјон, 1999-2000 година;
  • Заменик командант на механизиран баталјон, 2000 година;
  • Заменик командант на моторизиран баталјон, 2000-2001 година;
  • Командант на моторизиран баталјон, 2001-2002 година;
  • Командант на пешадиски баталјон, 2002-2006 година;
  • Началник на С-3/7 во механизирана пешадиска бригада, 2006-2011 година;
  • Началник на штаб во механизирана пешадиска бригада, 2011-2013 година;
  • Началник на штаб во резервни сили, 2013-2015 година;
  • Офицер за операции во ОЦ/ГШ на АРМ, 2015 година;
  • Извршен офицер на ЗНГШ на АРМ во кабинетот на НГШ на АРМ, 2015 година.

Учество на меѓународни вежби и мисии:

  • Учество на НАТО вежбата „Кооперативна размена на авантура“, Р. Украина, 2002 година;
  • Учество на НАТО вежбата „Најдобар Кооперативен зафат-04“, Р. Азербејџан, 2004 година;
  • Учество на НАТО вежбата „Најдобар Кооперативен зафат-05“, Р. Украина, 2005 година;
  • Учество на НАТО вежбата „Кооперативно Здружување-05“, Р. Македонија, 2005 година;
  • Учество на билатералната вежба МБ  со припадниците на Армијата на Обединетото Кралство, Р. Македонија, (кодиректор на вежбата), 2007 година;
  • Учество на вежбата „Македонски Блесок-03“ (МБ-03), Р. Македонија (кодиректор на вежбата), 2008 година;
  • Учество во мировната мисија „Слобода за Ирак“, како Најстар национален претставник и офицер за координација во Командата и штабот на Мултинационалниот корпус-Ирак, 2008 година;
  • Учество на вежбата МБ-05, Р. Македонија, (кодиректор на вежбата), 2009 година;
  • Учество на вежбата МБ-06, Р. Македонија, (кодиректор на вежбата), 2010 година;
  • Учество на вежбата Балкански Блесок, Р. Македонија (кодиректор на вежбата) 2010 година;
  • Учество на вежбата МБ-07, Р. Македонија, (Командант на СПБГ), 2011 година;
  • Учество на НАТО вежбата „Енергичен пламен“, Р. Бугарија, (НШ на мултинационална бригада) 2011 година;
  • Учество на НАТО вежбата „Кооперативно копје/Кооперативна стрела-12“, Р. Македонија, (Командант на бригада Исток), 2012 година;
  • Носител на изработката на  СОП и СОИ за декларираните спбн и СПБГ, 2009-2011 година.

Унапредувања:

  • Потпоручник:1991-1992;
  • Поручник: 1992-1996;
  • Капетан: 1996-2000;
  • Капетан: 1 класа: 2000-2001;
  • Мајор: 2001-2006;
  • Потполковник: 2006.

Награди и признанија:

  • Сребрена значка за долгогодишна служба во АРМ, 2012 година;
  • Пофалница од НГШ на АРМ, 2010 година;
  • Орден (медал) за благородништво (благородна служба) на САД, за учество во мисијата „Слобода за Ирак“ од командантот на Мултинационалниот корпус - Ирак, 2008 година;
  • Пофалница од командантот на 1.мпбр, 2005 година;
  • Пофалница од НГШ на АРМ, 1998 година;
  • Пофалница од командантот на ВП 4766, Куманово, 1998 година;
  • 7 (седум) дена НО од командантот на ВП 4766, Куманово, 1995 година;
  • Пофалница од НГШ на АРМ, 1995 година;
  • 7 (седум) дена НО од командантот на 3.мтбр, 1993 година;
  • Пофалница од командантот на 3.мтбр, 1993 година.

Странски јазици:

  • Англиски;
  • Српски;
  • Хрватски.