Мисија на АРМ:

Како вооружена сила на Република Македонија, се организира, подготвува и оспособува за водење вооружена борба и борбени и други дејствија за остварување на својата уставна улога и функција за одбрана на Републиката, заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвена за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонес во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси.

 

ГШ на АРМ ги извршува оперативните и стручни работи во планирањето, организирањето, подготвувањето и командувањето со Армијата во целина или нејзини делови, при остварување на задачите кои произлегуваат од мисијата на АРМ.



Задачи на ГШ на АРМ:

1. Планирање и организација на Армијата:

2. Планирање и употреба на Армијата:

3. Планирање и спроведување на обуката и вежбите на АРМ:

4. Планирање и спроведување персонален менаџмент во АРМ:

5. Разузнавање, контраразузнавање и заштита на силите во АРМ:

6. Логистичка поддршка во АРМ:

7. Организира и подготовка на КИС:

8. Планирање на финансиски средства за потребите на АРМ:

9. Цивилно воена соработка: