Директор на ГШ на АРМ

Директор на ГШ на АРМ:
генерал-мајор Димче Петровски

Дата и место на раѓање:
15.10.1961 година во Велес, Република Македонија.

Воено образование:

  • Воена академија-копнена војска, Белград и Карловац 1980-1984 година;
  • Командно-штабна школа (ПСКШД), ВА „Михајло Апостолски“, Скопје, 1995-1996 година;
  • Школа за национална безбедност и одбрана на ВА „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија, 2005-2006 година, со што се стекнал со академска титула „Mагистер по безбедност и одбрана“, со одбрана на магистерски труд на тема „Можности за развој на системот за командување и контрола на националната држава за учество во сојузни многунационални операции“;
  • Постдипломски студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир, при Филозофскиот факултет во Скопје, со одбранет магистерски труд на тема „Концептуален развој и организациона трансформација на АРМ во функција на интегрирање во НАТО“, со што се стекнал со академска титула „магистер по одбрана“, 2008 година.
  • На 01.06.2011 година ја одбрани докторската дисертација на тема „Меѓународни воени операции и учество на АРМ во нив“, со што се стекна со титула доктор на одбрана.

Воена кариера-должности:

  • Командир на вод;
  • Командир на чета;
  • Началник на инженерија во гардиска бригада;
  • Командант на инженериски баталјон;
  • Началник на штаб во инженериски полк;
  • Заменик командант на гардиска бригада;
  • Командант на 7 моторизирана бригада;
  • Командант на инженериски полк;
  • Началник на одделение за планирање во ГШ на АРМ;
  • Началник на канцеларија за односи со јавноста, воедно портпарол на АРМ;
  • Командант на Командата за Обука;
  • Командант на 2 механизирана пешадиска бригада;
  • Командант на 1 механизирана пешадиска бригада;
  • Директор на Генералштабот на АРМ.
Унапредувања:
  • Потпоручник (1984);
  • Поручник (1985);
  • Капетан (1988);
  • Капетан 1 класа (1992);
  • Мајор (1996);
  • Потполковник (2000);
  • Полковник (2004);
  • Бригаден Генерал (2007-2013);
  • Генерал-мајор (2013).

Одликувања:

  • САД: Официјален медал од Националната гарда на Вермонт „The Vermont National Guard Commendation Medal“;
  • Златна значка на АРМ од Началникот на ГШ на АРМ;
  • Сребрена значка за долгогодишна служба во АРМ од Министерот за одбрана на РМ.
Курсеви:
  • Курс за употреба на инженерските единици, ЕНТЕК, Регионален центар на НАТО, Минхен, Р. Германија, декември 1996 година;
  • Курс за односи со јавноста, Берн, Р. Швајцарија, ноември 2004 година;
  • Интензивен курс по англиски јазик, јануари-септември 2005 година;
  • Курс за планирање на експедициски операции на НАТО, април 2008 година.
Издадени книги:
  • АРМ кон НАТО, коавторство со Проф. Др. Зоран Нацев, издадена од Филозофскиот факултет, Скопје;
  • Општо за лидерството и карактеристики на военото лидерство, издадено од издавачка куќа „Европа 92“, Кочани.
Изработени трудови:
  • Некои проблеми на планирањето на оперативно ниво, Воена Академија „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија;
  • Насоки и приоритети за развој на воената моќ на државата, Воена Академија „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија;
  • Фактори на вооружената борба, Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје;
  • Методологија за разработување на визија за Развој на вооружените сили, Воена Академија „ГС Раковски“, Софија, Р. Бугарија;
  • Лидерство, Современа Македонска Одбрана.

Странски јазици:

  • Англиски V-ти степен.

Брачна состојба:
Оженет, татко на две деца и дедо на две внуки.

Хоби:

  • Лов и риболов.