Аѓутант на Врховниот командант

Аѓутант на Врховниот командант:

бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев


Бригадниот генерал, Методи Хаџи-Јанев е офицер со богато воено, дипломатско и академско искуство. Тој е доктор на науки по меѓународно право и меѓународни односи на правниот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј", во Скопје, а магистрирал на постдипломските воени студии во САД „ Колеџот за воено воздухопловство во САД". Методи Хаџи-Јанев дипломирал на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски " во Скопје како еден од тројцата најдобри питомци за што бил награден од Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили. Методи Хаџи-Јанев е припадник во специјалните единици на АРМ 12 години и е прв командант на македонските специјални сили во Ирак. За време на службата во специјалните сили извршувал повеќе командни должности. Хаџи-Јанев во 2015 година, бил назначен за нерезидентен воен советник при Постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите Нации во Њујорк и за одбранбено аташе на Република Македонија во САД. Од 2017 година, Хаџи-Јанев е придружен професор на Државниот универзитет Аризона во САД, а бил професор и на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски" во Скопје. Тој е автор и коавтор на повеќе дела и трудови во областа на сајбер безбедноста и одбраната и има посетувано обемни меѓународни обуки во борбата против тероризмот. Тој е потпретседател на Евро-атлантскиот Совет на Македонија, официјален дисеминатор на меѓународното хуманитарно право на Црвен Крст на Република Македонија и член на експертскиот – советодавен тим на Центарот за кризи и домашна безбедност при Државниот универзитет Аризона во САД. Во декември 2017 година,со Указ на Претседателот на Република Македонија е именуван за Аѓутант на Врховниот Командант на Вооружените сили на Република Македонија, Претседателот, д-р Ѓорге Иванов. Во декември 2017 година, со Указ на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е унапреден во чин Бригаден генерал.