На полигонот Криволак успешно реализирани програмски гаѓања со дел од декларираните единици на 1.мпб

Во период од 19-24 април 2017 година на Армискиот полигон Криволак дел од декларираните единици во СПБГ(средна пешадиска баталјонска група) , (1.спч и Мфб 120 мм), извршија стационарно логорување и реализација на програмски гаѓања. За време на логорувањето беа реализирани ТВБГ(Тактичката вежба со бојно гаѓање) со вод и чета како и АБГ (артилериско боево гаѓање)…

Средба на началникот на ГШ на АРМ со припадници на ВС на САД

Соработката на АРМ со Армијата на Вооружените сили (ВС) на САД за Европа и остварените средби на Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски со генерал-мајор Бен Хоџис продолжува во повеќе облици на активности од доменот на обуката на старешините на двете армии. Како резултат на средбите во неколкудневна посета на Армијата на Република…

Примопредавање на должност командант на баталјонот за врски

Во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должност командант на баталјонот за врски (бв), од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК). На свеченоста присуствуваа: командантот на ЗОК бригаден генерал Зоран Милески, командантот на пСО бригаден генерал Орце Јордев, началниците на секциите Ј-6 на ГШ на АРМ и ЗОК, останатите…

Одбележан патрониот празник на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се одржа свеченост по повод чествувањето на патрониот празник на касарната која го носи името на големиот македонски револуционер Јане Сандански. Свеченоста започна со полагање на свежо цвеќе од повеќе делегации на споменикот на големиот македонски револуционер кој се наоѓа во касарната „Јане Сандански“ во Штип. На Тактичко технички…

Средба на НГШ на АРМ со Гувернерот на Вермонт и посета на универзитетот „Норвич“ и Центарот за менаџмент со кризи на Вермонт

„Како резултат на партнерската Програма за соработка која успешно се спроведува повеќе од две декади со активно инволвирање на националната гарда (НГ) на Вермонт и Универзитетот Норвич во полето на воената обука и образование, е денешното искрено пријателство помеѓу Република Македонија и Сојузната Држава на САД, Вермонт“. Ова е истакнато од страна на НГШ на…

Делегација на АРМ во официјална посета на Националната Гарда на Вермонт

Делегацијата на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во текот на вчерашниот ден (18.04.2017 год.) ги започна планираните активности во рамки на работната посета на сојузната држава на САД-Вермонт. Во склоп на агендата на првиот работен ден генералот Величковски оствари средба со својот домаќин, командантот на Националната Гарда (НГ) на…

Командата за обука и доктрини го одбележа Денот на единицата

Во касарната ,,Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одржа свеченост по повод денот на Командата за обука и доктрини (КОД). Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, 15-ти април е одреден, како ден на Командата за обука и доктрини. Тоа е датумот кога…

Учество на припадници на баталјонот на Воена Полиција, на натпревар во Планинска Ориентација

Во периодот од 07.04. до 09.04.2017 година, на покана на Друштвото за планинарски спортови „Трансверзалец“ од Скопје, еден тим од баталјонот на Воена Полиција (бВП), зедоа учество во натпреварот во планинска ориентација. Ова учество на натпреварот е само една потврда за повеќегодишната соработка помеѓу бВП и планинарското друштво, како на вакви активности така и при…

Посета од Асоцијацијата на одбранбени аташеи на баталјонот на Воена полиција и инженерискиот баталјон

Денес во касарната „Илинден“, беше реализирана посета на дел од единиците од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија, како дел од програмата за соработка помеѓу Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија и Армијата на Република Македонија. Од страна на командантите на баталјонот на Воена Полиција (бВП), потполковник Васко Коколански…