Годишно реферирање за борбената готовност на потчинетите команди и единици

Во Здружената оперативна команда во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одржа годишно реферирање на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ за статусот на борбената готовност во 2016 година. Командантите на потчинетите команди и единици му реферираа на началникот на ГШ на АРМ за достигнувањата, реализацијата на плановите, обуката и останатите сегменти од…

Прием на должност командант на Командата за обука и доктрини

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одржа пригодна воена свеченост по повод поставување на полковник Љубенчо Петровски на должност командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Полковник Петровски досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на КОД, а по заминување во пензија на претходниот командант на КОД, полковник Љупчо Костовски успешно…

Одбележан патрониот празник на касарната „Мирче Ацев“ – Прилеп

Во касарната во Прилеп, беше одбележан патрониот празник и 74 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев. Букети свежо цвеќе пред бистата на херојот положија: делегација од 1.мпбр предводена од бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, делегација од артилериски баталјон, предводена од потполковник Ивица Цветковски, делегација од општина Прилеп и делегација од Сојузот на борците од…

Одбележување на патрониот празник на касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Народниот Херој Страшо Пинџур во Петровец од страна на делегации предводени од командантот на здружена оперативна команда бригаден генерал Зоран Милески, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригадeн генерал Mирче Ѓоргоски, командантот на воздухопловната бригада полковник Роберт Малезански, претставници од општина Кавадарци, Музејот на градот Кавадарци, Здружението на…

Претседателот Иванов во првиот ден од 2017 меѓу припадниците на АРМ во армискиот склад „Еребино“

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, традиционално првиот ден од новата година ги посети припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници. Претседателот Иванов оваа година го посети армискиот слад „Еребино“, каде придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски им ја…

Посета на учениците од основни училишта во Стајковци и Ченто

Припадниците на Армијата на Република Македонија од касарната „Илинден“ во Скопје беа меѓу првите кои беа ангажирани во ублажување на последиците од летните катастрофални поплави кои го зафатија скопскиот регион. Искажаната несебичност и давање на максимумот од своите потенцијали при ангажирањето, единиците на АРМ продолжуваат да го покажуваат преку постојано внимание кон најмладите од овој…

Доделени новогодишни пакетчиња во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец

Повеќе од 450 деца со особен интерес го проследија симболичното пристигнување на „Дедо Мраз“ со транспортен хеликоптер на АРМ на воениот дел од аеродромот „Александар Велики“, а потоа и да добијат од него новогодишни пакетчиња. Незаборавното доживување за најмладите секоја година го овозможуваат припадниците на воздухопловната бригада (вбр) од АРМ, со цел поделба на новогодишни…

Донација на новогодишни пакетчиња на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“

По повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за доделување на новогодишни пакетчиња. Годинава во соработка со Општината Петровец беа обезбедени пакетчиња кои денеска беа поделени на ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со оштетен вид (ДУРДМОВ) „Димитар Влахов“ од страна на Командантот на воздухопловната бригада полковник Роберт…

Годишна конференција на главните подофицери во командите и единиците на АРМ

Главните подофицери во командите и единиците на Армијата на Република Македонија на денешната годишна конференција во Домот на АРМ пред началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и командантите на командите и единиците на АРМ брифираа за реализираните и претстојни активности на подофицерскиот кор на АРМ. Генералот Величковски симболично првпат во АРМ изврши…