Потврдена соработката на АРМ со Еурокомпозит од Прилеп

На денес одржаната средба помеѓу ГШ на АРМ и раководството на наменската компанијата „11Октомври-Еурокомпозит“ во Прилеп се разговараше за можностите за соработка помеѓу АРМ и оваа компанија за наменско производство на композитни материјали за воена и воено полициска опрема. На состанокот на кој покрај НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски присуствуваа и генерал-мајор Димче Петровски…

Едукативна посетна на ученици од ОУ „Љубен Лапе“ од Аеродром, Скопје на Воениот оркестар

Ученици од Основното училиште Љубен Лапе од Аеродром, денес имаа можност да се запознаат со инструментите и да проследат неколку изведби од страна на воениот оркестар на АРМ.

Одбележување на 25 години од преземањето на касарната „Јане Сандански“ во Штип и преземање на системот за врски

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип со пригоден собир се одбележа денот кога пред 25 години беше превземен овој воен објект и кога за првпат преку системот за врски се пренесоа наредби на македонски јазик. По тој повод во касарната се реализира посета на пензионираните старешини почнувајќи од началникот за врски и од водот за…

Свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок и Слушателите на курсот за офицери за служби во АРМ

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес се реализираше воена свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок од генерацијата „Февруари 2017 година“ и Слушателите на курсот за офицери за служби во АРМ. Триесет и првата генерација војници на доброволно служење воен рок брои 54 војници од кои 6 се…

Одбележување на 25 години од преземањето на првата караула „Рамна Нива“ и ден на командата на Резервни сили на АРМ

На караулата „Рамна Нива“ во присуство на врховниот командант на вооружените сили Н.Е Ѓорге Иванов и НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, со воена свеченост се одбележаа 25 години од подигнувањето на знамето на Република Македонија на државната граница, кој воедно е ден на Командата за резервни сили (КРС) на АРМ. Во годината кога се…

Учество на делегација од Командата за обука и доктрини на конференција за „PELT“ Програмата

На 1 и 2 март 2017 година, во Белград, Р. Србија се одржа втората конференција на „PELT“ Програмата во организација на Министерството за одбрана на Република Србија и Британскиот совет. Делегацијата од Армијата на Република Македонија на конференцијата беше предводена од Заменикот командант на Командата за обука и доктрини, полковник Ивица Ампов и Началникот на…

Месечно реферирање на командантите и командите на потчинетите единици на командантот на ЗОК

На ден 06.03.2017 година во касарната „Боро Менков“ во Куманово се одржа месечното реферирање за борбената готовност од страна на командантите и командите на потчинетите единици, кои му реферираа на Командантот на ЗОК бригадниот генерал Зоран Милески, за организација и реализацијата на плановите, достигнувањата во обуката и останатите сегменти од работата на единиците кои имаат…

Делегација на АРМ во посета на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски ја предводи делегацијата на АРМ која престојува во официјална посета на командата на Армијата на Вооружените сили на САД за Европа (УСАРЕУР – Unated States Army Europe), во Визбаден, СР. Германија. Во текот на денешниот ден, НГШ на АРМ оствари средба со командантот на УСАРЕУР, генерал-потполковник Фредерик…