Посета на бригаден генерал Роберт Хју Лојд-Џонс на ЗОК

На ден 10.10.2019 година, Здружената оперативна команда (ЗОК) и потчинетите единици на ЗОК ги посети бригаден генерал Роберт Хју Лојд-Џонс, новоангажираниот британски советник во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Бригадниот генерал Роберт Хју Лојд-Џонс, беше пречекан од страна на Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, со кого оствари иницијална протоколарна средба. За време…

Анализа на вежбата „Одлучен удар“

Во Здружената оперативна команда (ЗОК), согласно одобрената Спецификација и Планот за вежбата „Одлучен удар“ се реализираа разговори по завршената активност „Post exercise discussion – PXD“. Разговорите се реализираа во Командата на ЗОК и на истата, покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски присуствуваа и Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, началници на…

Вежба на командно место со припадниците од баталјонот на Воена полиција

Врз основа на Годишниот План за 2019 година, припадници на командата и штабот на баталјонот на Воена полиција, во периодот од 7 до 10.10.2019 година на локации во касарната „Илинден“ и во реонот на стрелиштето „Стенковец“ реализираа вежба на командно место. Цел на оваа вежба е припадниците да се извежбаат и оспособат во примена на…

Размена на искуства со вооружените сили на Обединето Кралство

На ден 09.10.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира посета на тим од Обединетото Кралство (ОК) поврзана со обуката, вежбите и оценувањата. Делегацијата предводена од потполковник Џил Хамлинс, беше поздравена од страна на Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Во текот на посетата со делегацијата од ОК беа реализирани разговори…

Ситуационо-тактички вежби со припадниците од 3.мпб

Во период од 08-09.10.2019 година припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада реализираа ситуационo тактички вежби. Ситуационo тактички вежби се реализираа на повеќе локации и тоа: во мирновремените локаци во касарната во Тетово, во реонот на Еребино и с. Раотинце. Истите беа реализирани согласно однапред изготвен план по различни…

Обука на клучниот персонал на вежбата „REGEX 19“

Во пресрет на вежбата „REGEX 19“, во период од 8 до 12.10.2019 година, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес започна обука на клучниот персонал на наведената вежба. Тежиштето на оваа активност ќе биде насочено кон обука на персоналот за настани со кои ќе се сретнат во текот на изведување на вежбата, а пред се…

Началникот на генералштабот на Армијата во официјална посета на Грција

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денес во седиштето на штабот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Солун,  ја оствари својата прва официјална посета на Вооружените Сили на Грција. По пречекот со високи воени почести во НАТО корпусот, генералот Ѓурчиновски, оствари средба со началникот на генералштабот на одбраната на Грција, генерал Христос…

Стационарно логорување со боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм

Во период од 23.09. до 27.09.2019 година баталјонот за Противвоздушна одбрана (бПВО), од составот на воздухопловната бригада (вбр), на АП „Криволак“, со персоналот кој е во состав на деклариран вод ПВО, реализираше стационарно логорување со боеви гаѓања со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм. За време на логорувањето реализирани се боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм…

Посета на воздухопловната бригада од општинската детска градинка „Буба Мара“ од општина Аеродром

На ден 27.09.2019 година дечиња од општинската детска градинка „Буба Мара“, од општина Аеродром остварија неколку часовна посета на воздухопловната бригада (вбр) како дел од цивилно воената соработка која вбр ја одржува со цивилните структури. Дечињата за време на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работните обврски…