Припадниците на баталјонот за врски го одбележаа Денот на единицата
Денес, во касарната „Илинден“-Скопје, се одржа воена свеченост по повод „21-ви Октомври“ Денот на Баталјонот за врски. На свеченоста присуствуваа: началникот на штаб на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Орце Јордев, командантот на полкот за специјални операции(пСО), бригаден генерал Методи Хаџи Јанев, началниците на секциите Ј-6 на ГШ на АРМ и ЗОК, останатите команданти…