Активности во пресрет на одбележување на Денот на Бригадата за логистичка поддршка

По повод одбележување на 20 Мај, Денот на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП) се одржаа повеќе активности меѓу кои крводарителна акција, натпревари за најдобар готвач, најдобар механичар и најдобар возач и спортски натпревари во дисциплините: фудбал, кошарка, пинг-понг и шах. На ден 15.05.2019 година се одржаа натпревари за најдобар готвач, најдобар механичар и најдобар возач…

Грижа за спомен обележјата и историските знаменитости во одбраната

Припадниците на третиот механизиран пешадиски баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада, како дел од своите активности ја имаат и грижата за спомен обележјата и историските знаменитости и настани во својата зона на одговорност. Во текот на денешниот ден кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје на местото каде секоја година се оддава…

Присуство на заменик на началникот на генералштабот на Денот за високи гости на првиот дел од меѓународната вежба „Брз одговор 19“

Делегација на Армијата предводена од заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во текот на вчерашниот ден во Церкље, Република Словенија, присуствуваше на Денот за високи гости на првиот дел од меѓународната вежба „Брз одговор 19“, кој воедно беше и одбележување на денот на словенската војска. На денот на високи гости на кој покрај…

Реализација на обука во областа на стандардизација во НАТО од страна на мобилен тренинг тим на НАТО

Во Генералштабот на Армијата во период од 6 до 10 мај реализирана е обука во областа на стандардизација во НАТО, од страна на мобилен тренинг тим на НАТО од Република Грција. На обуката учествуваа припадници од Армијата и Министерството за одбрана од повеќе сектори и области кои се вклучени во процесот на стандардизација. Целта на…

Обука за изведување на борбени операции на витални објекти

Во периодот од 8 до 10.05.2019 година дел од припадниците на Ренџерскиот баталјон изведоа обука во изведување на борбени операции за обезбедување на витален објект – аеродром. Обуката се реализираше на полигоните во касарната „Илинден“ и на спортскиот аеродром „Стенковец“. Припадниците на баталјонот за време на обуката реализираа неколку поставени задачи како што се запоседнување…

Ден на четата за АБХО

Во касарната „Чолија“ со воена свеченост припадниците на четата за атомска, биолошка и хемиска одбрана (чАБХО), од составот на 1.механизира пешадиска бригада (1.мпбр) го одбележаа денот на единицата. На свеченоста присуствуваа командантот на 1.мпбр полковник Драган Ковачки со началниците на секции од командата и командантите на првопотчинетите единици, делегација од Здружената оперативна команда (ЗОК), офицерот…

Учество на припадници на 4.механизиран пешадиски баталјон на воена парада во Република Полска

По повод дваесет години од приемот на Република Полска во НАТО алијансата и петнаесет години членство во Европската Унија, на покана од страна на министерот за одбрана на Република Полска, на главната церемонија свое учество имаше и Армијата претставена од припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). На воената…

Командантско извидување на Бригадата за логистичка поддршка

Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) реализираше командантско извидување во зоната на одговорност на брЛП на правецот Скопје – касарна „Кузман Јосифоски-Питу” во Тетово-Скопје. На активноста присуствуваа старешините од брЛП и ППЕ на брЛП кои извршија извидување на просторот и беа согледани воено – географските карактеристики и можностите за употреба и ангажирање на единиците на брЛП.…

Стручно специјалистичка обука на командната чета од 1.мпбр

Согласно годишниот календар за обука персоналот од командната чета (кч) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), реализираше стручно специјалистичка обука на АП ,,Криволак“. Во текот на обуката, согласно мисијата и суштинските задачи, беа реализирани теми од посебните специјалности на водот воена полиција и извидувачкиот вод на единицата. Персоналот ги повтори и надгради стекнатите…