Средба на НГШ на АРМ со командантот на командата на Здружени сили на НАТО во Неапол

Во рамки на посетата на Република Македонија, командантот на Командата на здружени сили на НАТО во Неапол, адмирал Џејмс Фого, денес оствари средба со началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски. За време на средбата беше потврдено дека досегашната континуирана соработка на АРМ со Командата на Здружени сили на НАТО во Неапол и поддршката…

Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа во посета на АРМ

Меѓусебната соработка и претстојните заеднички активности на АРМ и командата на копнените сили на САД за Европа (УСАРЕУР), беше главната тема на денешната средба во генералштабот на АРМ помеѓу НГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и Заменик на командантот за прашања на националната гарда на копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Џон Гронски. На…

Предновогодишен концерт на воените оркестри на Република Македонија, Црна Гора и Република Бугарија

Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија, заедно со членови на воените оркестри на Вооружените сили на Република Бугарија и Војската на Црна Гора, изведоа незаборавен предновогодишен концерт, во Домот на АРМ во Скопје. Трилатералниот предновогодишен концерт го проследи највисокото државно и воено раководство меѓу кои: Претседателот на Владата на Република Македонија, министерката за одбрана,…

Посета на Здружената оперативна команда од страна на НАТО советодавниот тим

Во Здружената оперативна команда (ЗОК) на Армијата на Република Македонија се реализира посета од страна на тим од канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, Република Македонија. За време на посетата, претставниците од канцеларијата за врски на НАТО во Скопје остварија работна средба со командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, при што беа запознаени со…

Посета на Началникот на Генералштабот на Црна Гора на АРМ

Делегацијата на војската на Црна Гора, предводена од Началникот на Генералштабот (НГШ), бригаден генерал, Драгутин Дакиќ, во рамки на дводневната официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија, денес имаше официјални средби во Министерството за одбрана и ГШ на АРМ. НГШ на војската на Црна Гора, генералот Дакиќ, по пречекот со високи воени…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 3.логистички баталјон

Денес во касарната „Илинден“ – Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 3.логистички баталјон (3.логб) од бригадата за логистичка поддршка (брЛП), помеѓу потполковник Фето Бајрами како предавач и мајор Билјана Николовска како примач на должноста во присуство на командантот на брЛП, полковник Цветко Јаневски, командантите на потчинетите единици на брЛП и…

Посета на Армијата на Република Македонија од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции

Со посета на генералштабот на Армијата на Република Македонија започна дводневната обиколка на командите и единиците на АРМ од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции – Врховен штаб на сојузничките сили за Европа, команден наредник Давор Петек. По приемот кај началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, делегацијата од сојузничката…

Вежба на командно место со тактичко извежбување на припадниците на баталјонот на Воена Полиција

Согласно годишниот план календар за обука на баталјонот на воена полиција (бВП) за 2018 година, во периодот од 26 до 29.11.2018 година, персоналот од командата, штабот и основните единици на бВП реализираа „Вежба на командно место“ во касарната „Илинден“ и реонот Стенковец. Целта на вежбата беше извежбување на единицата во тактички постапки за евентуална употреба…