Свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ

По повод Денот на АРМ пред зградата на МО и ГШ на АРМ се реализира свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ. За време на свеченото постројување се одаде почит на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година, по чиј повод пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година пред платото…

Средба на НГШ на АРМ со новоназначеното одбранбено аташе на Република Италија

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе на Република Италија во Република Македонија, полковник Џузепе Монталто. На средбата, генералот Величковски упати честитки до полковникот Монталто, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност притоа истакнувајќи ја поддршката во процесот на едукација и обука на…

Посета на тим од Командата на САД во Европа на инженерискиот баталјон

Во инженерискиот баталјон (инжб), од составот на првата механизирана пешадиска бригада, на ден 14.08.2018 година се реализираше посета од страна на тим на Командата на САД во Европа (EUCOM), во организација на Канцеларијата за одбранбена соработка со САД во Република Македонија. Пред тимот на EUCOM од страна на командирот на пионерскиот вод се изврши презентација…

АРМ и МО им одадоа почит на загинатите припадници на АРМ кај Љуботенски Бачила

Во спомен на осумте загинати воени обврзници кај месноста Љуботенски бачила, делегација од Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана, положи цвеќе пред спомен облежјето во село Љубанци. Во рамки на одбележувањето на седумнаесет годишнината , почит на загинатите бранители им беше оддадена и на спомен-обележјето во касарната „Илинден“ во Скопје. Претходно, денес цвеќе…

Месечно реферирање на командантите на првопотчинетите единици пред командантот на Здружената оперативна команда

Во центарот за обука на вода „Радожда“ во Струга, се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда за статусот на борбената готовност за месец јули 2018 година. Командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите и задачите и активностите, обуката…

Делегациja на АРМ и МО им одаде почит на загинатите припадници на АРМ кај Карпалак

По повод навршувањето на седумнаесет години од загинувањето на десетте припадници од резервниот состав на Армијата на Република Македонија, делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, положи свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак. Седумнаесет годишнината од несреќата се одбележа и во Прилеп, каде делегација на Министерството за одбрана и генералштабот на…

Средба на НГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес во ГШ на АРМ оствари средба со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка за Република Македонија, потполковник Егил Далтвеит. На средбата, генералот Величковски упати честитки по повод назначувањето на потполковник Далтвеит на оваа должност, како и благодарност за досегашната отворена поддршка од страна на Кралството Норвешка на…