Продолжува оценувањето на декларираните единици на АРМ

На ден 17.10.2018 година, во раните утрински часови декларираната чета на Воена Полиција успешно изврши марш до АП „Криволак“, каде во реонот на операции, согласно предвиденото сценарио, го имплементира планираниот систем за непрекинато ажурирање на тековната оперативна слика и на тој начин обезбедија насочување на маневарскиот елемент кон правилна и потполна реализација на доделената мисија.…

Свечено одбележан Денот на Здружената Оперативна Команда

Припадниците на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) денес во касарната ,,Боро Менков“ во Куманово, со воена свеченост го одбележаа денот на единицата. На свеченоста покрај началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија (АРМ) генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и државниот секретар во МО Драган Николиќ, генерали на АРМ, команданти на единиците на АРМ ,поранешни команданти на…

Учество на Заменик на началникот на ГШ на АРМ на конференција за борба против насилниот екстремизам

Заменик на началникот на ГШ на АРМ, генерал мајор Азим Нуредин учествува на конференцијата за борба против насилниот екстремизам организирана од Здружениот Штаб на Вооружените Сили на Соединетите Американски Држави. На конференцијата која се оддржува под покровителство на началникот на Здружениот Штаб, генерал Џозеф Данфорд, во воздухопловната база „Ендрјус“ во Мериленд, САД, учествуваат началници или…

Посета на претставници на Верификацискиот Центар на СР Германија на Здружена оперативна команда

Денес во просториите на Здружена оперативна команда (ЗОК) беше реализиран прием на претставници од Верификацискиот Центар на СР Германија и Одделението за контрола на вооружувањето од страна на Командантот на генерал мајор Павле Арсоски. Командантот на ЗОК накратко ги запозна присутните со Здружена оперативна команда и ја нагласи големата соработка што ја има Република Македонија…

Започна оценувањето на декларираните единици на АРМ

Денес, 16.10.2018 година, во касарна „Илинден“ – Скопје, започна оценувањето на декларираната чета на воена полиција на мирновремена локација. Активностите во текот на денот продолжуваат со нејзина дислокација, следење на маршевската колона од касарна „Илинден” – Скопје до логорската просторија на АП „Криволак“. Вториот дел од целта на вежбата „Македонски Блесок-14“, се реализира во кампот…

Средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Кралството Норвешка

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе за Република Македонија потполковник Егил Далтвеит. Генералот Ѓурчиновски упати честитки до потполковникот Далтвеит за назначувањето на новата должност, кој ќе ја извршува оваа задача со седиште во Белград, Република Србија. За време на средбата стана збор за досегашната…

Одбележување на 15 Oктомври – Денот на баталјонот за воздушно набљудување и јавување

Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод одбележувањето на 15 Oктомври – Денот на баталјонот за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На воената свеченост со пригоден говор се обрати Командантот на вбр полковник Роберт Малезански кој го истакна значењето на бВНЈ како и…

Свечено отварање на вежбата „Македонски блесок-14“

Денес, 15.10.2018 година, во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ започна теренската вежба „Македонски Блесок-14“. На свеченото отвoрање, директорот на вежбата, потполковник Игор Манасовски, обраќајки се пред присутните истакна дека серијалот на вежби „Македонски блесок“ станува традиционален настан во Армијата на Република Македонија, кои пред точно 10 години декларираната чета на воената полиција, рамо до рамо…

Одбележан патронатот на касарната “Боро Менков″ во Куманово

На ден 12 октомври 2018 година, во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со полагање на цвеќе пред бистата на народниот херој Боро Менков, се одбележа патронатот на касарната, односно 77 години од загинувањето на народниот херој. Пред стројот на припадниците на касарната и присутните гости, со пригоден говор за ликот и делото на народниот херој…