Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на бригадата за Логистичка Поддршка

Денес пред објектот на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП) со воена свеченост се реализира примопредавање на должноста командант на брЛП, помеѓу полковник Цветко Јаневски и полковник Мухарем Мухареми. На свеченоста присуствуваа началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, заменикот на министерот за одбрана, г-дин Беким Максути, заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин,…

Колективна обука со клучниот персонал од артилериските единици во 1.мпбр и ПСО

Во период од 11 до 14.02.2019 година, во просториите на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп и на АП ,,Криволак“, согласно Годишниот план за работа на 1.мпбр, се реализираше четиридневен семинар за размена на искуства од областа на артилеријата. Во текот на семинарот, офицери и подофицери од артилерискиот баталјон и артилериските батерии од…

Реализирање на обука во зимски услови на припадници на баталјонот на Воена Полиција

Припадниците на баталјонот на Воена Полиција, во неколку групи во периодот 21.01-15.02.2019 година, согласно годишниот план за обука за 2019 година, на терените за обука на локации во гарнизон Кичево, реализираат специфична обука во зимски услови. Обуката е дел од редовните вежбовни активности соодветна за зимскиот период и има за цел припадниците на баталјонот на…

Реализација на кондиционен марш на припадниците на полкот за Специјални операции

Припадниците на полкот за Специјални Операции (пСО) на ден 12.02.2019 година реализираа марш во реонот на Кокино. Маршот беше реализиран како дел од одбележувањето на јубилејот 25 годишнината од формирањето на силите за специјални операции. Маршот кој го реализираше командата на пСО покрај одржувањето и подигнувањето на психофизичката спремност имаше за цел и осознавање на…

Реализација на работилница LOGREP

На 11 февруари, во Домот на АРМ, во Скопје, започна еднонеделна работилница LOGREP, која претставува активност за индивидуална подготовка на персоналот кој ќе учествува на логистичката вежба LOGDEV 19, која ќе се реализира во период од 06-17 мај, 2019 година, во Тбилиси, Грузија. На работилницата учествуваат претставници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Грузија, САД,…

Регионална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје од 04. до 08.02.2019 година се реализира третата регионална работилница за мултинационалната вежба „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 19 партнер земји и претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол. При отворањето на регионалната работилница, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски им посака добредојде на учесниците…

Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти за вежбата „LOGDEV 19“

Во период од 4-ти до 8-ми февруари во рамките на циклусот активности за претстојната мултинационална логистичка штабна вежба „LOGDEV 19“ во Домот на АРМ во Скопје се одржува втора „Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти“. Првата беше реализирана во последниот квартал на минатата година во Тирана, Република Албанија.…