Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на 3.логистички баталјон

Денес во касарната „Илинден“ – Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 3.логистички баталјон (3.логб) од бригадата за логистичка поддршка (брЛП), помеѓу потполковник Фето Бајрами како предавач и мајор Билјана Николовска како примач на должноста во присуство на командантот на брЛП, полковник Цветко Јаневски, командантите на потчинетите единици на брЛП и…

Посета на Армијата на Република Македонија од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции

Со посета на генералштабот на Армијата на Република Македонија започна дводневната обиколка на командите и единиците на АРМ од страна на главниот подофицер на НАТО сојузничката команда за операции – Врховен штаб на сојузничките сили за Европа, команден наредник Давор Петек. По приемот кај началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, делегацијата од сојузничката…

Вежба на командно место со тактичко извежбување на припадниците на баталјонот на Воена Полиција

Согласно годишниот план календар за обука на баталјонот на воена полиција (бВП) за 2018 година, во периодот од 26 до 29.11.2018 година, персоналот од командата, штабот и основните единици на бВП реализираа „Вежба на командно место“ во касарната „Илинден“ и реонот Стенковец. Целта на вежбата беше извежбување на единицата во тактички постапки за евентуална употреба…

11-то Армиско првенство во крос кантри трчање

Во организација на Генералштабот на АРМ, во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа „11-то Армиско првенство во крос кантри трчање“, во должина од 10 километри во машка и 5 километри во женска конкуренција. Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, на отворањето го истакна значењето на спортот, физичката подготвеност и кондиција за…

Средба на НГШ на АРМ со НАТО тимот за унапредување на образованието во одбраната

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес во генералштабот на АРМ одржа состанок со претставници на тимот од програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната (DEEP- Defense Education Enhancement Programme). На состанокот на кој присуствуваа претставници од меѓуармиска соработка, секциите за обука и персонал во ГШ на АРМ, главниот подофицер на…

НАТО советодавниот тим во Република Македонија во посета на Командата и единиците на 1.мпбр

Денес, НАТО Советодавниот тим во Република Македонија, ја посети Командата на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во гарнизонот Петровец. Членовите на НАТО тимот, во Командата на 1.мпбр беа пречекани од командантот на бригадата бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и претставници од командата и штабот на 1.мпбр. По реализацијата на брифингот, со кој членовите на НАТО советодавниот тим…

Ренџерски игри

Се реализираа јубилејните петти по ред „Ренџерски игри“. Издржливост, физичка спремност, ментална и воено-стручна подготвеност беа елементите низ кои по петти пат беа избрани најдобрите и најспремните припадници на Ренџерскиот баталјон. Во периодот од 19-22.11.2018 година на полигоните во касарната „Илинден“ и на стрелиштето „Стенковец“ се реализираа дисциплините во кои се натпреваруваа екипите од баталјонот.…

Началникот на ГШ на АРМ во посета на македонските мировници во УНИФИЛ

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски се наоѓа во дводневна посета на мисијата УНИФИЛ во Либан. По речиси 12 години учество на нашите мировници во мисијата УНИФИЛ во Либан ова е прва посета на делегација од Република Македонија во оваа мисија предводена од Обединетите Нации-таканаречени Сини шлемови. Началникот на Генералштабот…

Посета на Здружено оперативната команда од страна на Асоцијација на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија

Асоцијацијата на одбранбени аташеи акредитирани во Република Македонија како дел од Програмата за соработка со Армијата на Република Македонија (АОА) денес реализира посета на Здружената оперативна команда (ЗОК). По одржаната презентација на која одбранбените аташеи се запознаа со мисијата, структурата, опремата и капацитетите на единиците од ЗОК, а на стрелиштето „Красте“ беше реализирано и гаѓање…