Стационарно логорување на припадниците од артилериски баталјон
Во период од 4 до 7 ноември на АП ,,Криволак“, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. пешадиска бригада, реализираа стационарно логорување и артилериски боеви гаѓања. За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и подготвеност на единицата на терен, демонстрирана со успешна реализација на артилериските боеви гаѓања…