Постигнат врвен спортски резултат на припадник на КОД

Припадникот на Командата за обука и доктрини пфв Љубомир Спасиќ кој не само што е посветен професионалец во редовите во Армијата е исто така успешен репрезентативен кајакар. Тој уште еднаш ја покажа својата професионалност и посветеност со освојување на првото место на Европскиот куп во спуст на диви води во генерален пласман за 2019 година.…

Денот на независноста достоинствено одбележан во мировните мисии

Македонските мировници, припадници на МАККОН-10 во мисија „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан, свечено и достоинствено го одбележаа Денот на независноста „8ми Септември“. Во свечена атмосфера, со колорит и торта украсена со боевите на Македонското знаме, беше организиран заеднички ручек на нашите мировници на кој присуствуваа припадници на командата на ТААC-C, предводени од командантот, бригадниот генерал…

НАТО регионална работилница за вежбата „REGEX 19“

Од 03.09. до 06.09.2019 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје се реализираше шестата НАТО регионална работилница за вежбата „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 20 партнерски земји како и од Здружената команда на НАТО од Неапол. Воведно обраќање имаше директорот на вежбата, полковник Звонко Мајсторски кој ги поздрави присутните и им се…

Церемонија за испраќање на припадниците на Армијата на вежбата „Syber Junction 19″

Во Касарната „Јане Сандански” во Штип, денеска  се одржа церемонија на упатување на контингент на Армијата на Република Северна Македонија на вежбата „Syber Junction 19″. Вежбата „Syber Junction 19″ ќе се реализира во СР Германија и е во организација на Командата на копнените сили на САД за Европа (USAREUR). Вежбата е една од најголемите вежби…

Финална планирачка конференција за вежбата „Национален одговор 2019“

Во периодот од 03.09. до 05.09.2019 година во касарната „Јане Сандански“ во гарнизонот Штип се одржа Финална планирачка конференција (ФПК) за претстојната вежба за справување со елементарни непогоди „Национален одговор 2019“. На конференцијата, покрај претставниците од Армијата, учествуваа: претставници од министерствата за одбрана, внатрешни работи, здравство и земјоделие, шумарство и водостопанство, ЦУК, ДЗС, ЦКРСМ, ЕВН,…

Месечно реферирање на командантите пред командантот на Здружената оперативна команда

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда (ЗОК) за месец август 2019 година. Командантите на првопотчинетите единици на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски му реферираа за реализираните задачите во изминатиот месец, проблемите како и за тежишните активности за наредниот месец. На крајот од…

Началникот на Генералштабот на Армијата на тринаесеттата конференција на началниците на Генералштабови на балканските земји

Началникот на Генералштабот (ГШ) на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес учествува на тринаесеттата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји која се одржува во Букурешт, Романија. На конференцијата, покрај началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал Николае Ионел Чука, како домаќин, учествуваат и началниците на Генералштабовите на армиите од осум земји од…