Одбележан Денот на воздухопловната бригада

Владата на Република Македонија донесе одлука за приклучување кон иницијативата за балкански регионален пристап кон противвоздушната одбрана – БРААД, а беа разгледувани и прашањата поврзани со иднината на воздухопловите кои не се оперативни, посочи заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев по денешната свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада. Воедно, заменик-министерот Димитриев, во…

Официјална посета на Началникот на вооружените сили на Република Турција на Република Македонија и АРМ

Денес, 27 мај 2013 година, во ГШ на АРМ со високи воени почести беше пречекан Началникот на ГШ на ВС на Република Турција, генерал Неџет Озел на кого домаќин му е Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. Претходно генералот Озел беше примен од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а за време на…

Учество на НГШ на АРМ на Конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески утре (14-ти мај) ќе учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел. Денес, генералот Котески ќе присуствува на официјалната церемонија за примопредавање на должноста Командант на Врховната команда на силите на…

Проштална средба на НГШ на АРМ со потполковник Манфред Стеиб од Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија

Денес, 2-ри мај 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковникот Манфред Стеиб од Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Стеиб за неговата работа и стручен ангажман, при што нагласи дека тој дал соодветен придонес во достигнувањето…

Успешно реализирана работилница за медиа тренинг со клучниот персонал од ГШ на АРМ

Денес, 19-ти Април 2013 година во Регионалниот тренинг центар за комуникации во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје успешно се заврши работилницата за медиа тренинг со клучниот персонал од ГШ на АРМ која се реализираше изминатите три дена. На работилницата, началниците на организациските единици на Генералштабот на АРМ имаа можност да се запознаат со дел од…

Посета на НГШ на АРМ на Армијата на Чешката Република

Началникот на Генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од денес претстојува во дводневна официјална посета на Армијата на Чешката Република. Тој денес во Прага беше дочекан со високи воени почести од НГШ на Армијата на Чешката Република, генерал-потполковник Петр Павел. На средбата во ГШ на Чешката Армија беше разгледана билатералната воена соработка, размена на…

Делегација на Војската на Србија во посета на АРМ

Денес, 22 март 2013 година, во официјална посета на Армијата на Република Македонија претстојува висока делегација на Војската на Србија, предводена од Началникот на ГШ на Војската на Србија, генерал Љубиша Диковиќ. Делегацијата во ГШ на АРМ беше пречекана со високи воени почести, а домаќин и е Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески.…

Свеченост по повод 8-ми Март

„Министерството за одбрана целосно ги почитува заложбите на меѓународната заедница за зголемување на учеството на жените во креирањето и развивањето на безбедносната политика. Република Македонија континуирано дава свој значаен придонес во напорите за етаблирање на вредностите на 21-от век во сите општества, на глобално ниво, а жените, како дел од контингентите од АРМ во меѓународните…

Заедничка методско огледна вежба на АРМ и МВР

Денес, 6-ти март 2013 година (среда), во касарната „Илинден“ во Скопје со почеток во 12.00 часот се изведе методско огледна вежба на тема: „Стандардизирани постапки при увид на место на настан кај сериозни кривични дела“. Mетодско огледната вежба ја реализираше баталјонот на воената полиција во соработка со припадниците на МВР и јавното обвинителство на град…