Одбележување на денот на инженерискиот баталјон

Денес, 13 ноември (среда) 2013 година со почеток во 11,00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод Денот на инженеријата. На свеченоста присуствуваа Командантот на Здружената оперативна команда на АРМ (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски, Директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, Командантот на 1 мпбр бригаден генерал Павле Арсоски,…

Посета на НГШ на АРМ на гарнизон Тетово

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес (12-ти ноември) го посети гарнизонот Тетово. Посетата на началникот на ГШ на АРМ на касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово се одвива во рамките на планот за обиколка на гарнизоните на АРМ, кој започна да се реализира минатиот месец, со посета на Здружената оперативна команда…

Официјална посета на НАТО Советодавен тим во 1.механизирана пешадиска бригада

На ден 12 ноември 2013 година, во официјална посета на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец, претстојуваше НАТО советодавниот тим, Скопје, предводени од полковникот Александар Александров. За време на посетата НАТО советодавниот тим беше пречекан од Заменикот на командантот на 1.мпбр, полковник Велин Стојановски и претставници од секциите од штабот на…

Полагање за прв пилот

Денес, 12-ти Ноември 2013 година (вторник), во Здружено Оперативната Команда ,,ЗОК“ во касарната „Боро Менков“ во Куманово со почеток во 10.00 часот се одржа полагање на потполковник Роберт Малезански припадник од воздухопловната бригада на АРМ за прва категорија на стручна и борбена оспособеност (или популарно – прв пилот) , кое претставува врв во достигнувањето во…

Работна посета на НГШ на АРМ на ВС на Република Турција: Република Турција продолжува да и дава безрезервна поддршка на Република Македонија, неправедната блокада еден ден ќе заврши – изјави НГШ на ВС на Република Турција

Во рамките на работната посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција, вчера (08.11.2013 година) во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк во Анкара, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, положи венец со свежо цвеќе на гробот на Ататурк, каде се одбележува 75 годишнината од смртта од на таткото на модерна Турција. Вчера на…

Со успешниот настап во Струмица, заврши гостувањето на Воениот оркестар во градовите низ Република Македонија

Синоќа, 7-ми ноември 2013 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Струмица. Граѓаните на Струмица вистински уживаа во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот за почести кои пред концертот на Воениот оркестар ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“ на платото пред Домот на културата во…

Работна посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Република Турција

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, од денес престојува во работна посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција. Во Генералштабот на Турските ВС во Анкара, НГШ на АРМ денес срдечно го пречека началникот на ГШ на ВС на Република Турција, генерал Неџет Озел. На средбата, покрај унапредување на билатералната соработка со ВС…

Свечена заклетва во касарната Алексо Дамниевски Бауман во Велес

Денес, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, свечена заклетва за доброволно служење на воениот рок дадоа 255 граѓани на Република Македонија, од кои 17 припаднички на женскиот пол. Во своето обраќање пред војниците, заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев, во контекст на дадената заклетва, потенцираше дека интегритетот на една личност се определува…

Посета на НАТО советодавен тим

Денес 7 Ноември четврток во полкот за Специјани Операции присуствуваше делегација на НАТО советодавниот тим во Република Македонија. Петочлената екипа на НАТО советодавниот тим беше предоведена од полковникот Алексадар Александров и истата беше дочекана од страна на полковникот Васко Ѓурчиновски – командантот на полкот за Специјални Операции и потесниот дел од командата. На почетокот од…