Примопредавање на должноста командант на 1.мпбр

Денес, 6-ти септември 2013 година (петок), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр). Должноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Стојан Димчов ја прими бригадниот генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на…

Посета на спикерот на канадскиот сенат на ГШ на Армијата на Република Македонија

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, денес (5-ти септември), спикерот на Сенатот на Канада г-дин Ноел Кинсела го посети Генералштабот на АРМ, кој беше срдечно пречекан од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. Во ГШ на АРМ спикерот Кинсела со делегацијата од Сенатот на Канада оствари средба со претставници на ГШ…

Јакнење на соработката и партнерството помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Албанија

Денес, (5-ти септември), во ГШ на АРМ со високи воени почести беше пречекан началникот на ГШ на Вооружените Сили (ВС) на Република Албанија, генерал-мајор Џемал Ѓункши кој претстојува во дводневна официјална посета на АРМ, а домаќин му е началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот…

Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полкот за специјални операции на АРМ

Денес 30-ти август 2013 година (петок), во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ. Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковник Васко Ѓурчиновски кој досега ја извршуваше должноста аѓутант на Претседателот на Република Македонија. На свеченоста…

Хеликоптерите на Воздухопловната Бригада на АРМ успешно се справија со огнената стихија во Битолско

Вчера (22.08.2013 година), Армијата на Република Македонија се вклучи во помош на локалното население при гаснење на пожарот во атарот на битолските села Лисолај и Древеник. Два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, во текот на вчерашниот ден интервенираа околу седум часа во исклучително тешки временски услови. Пилотите на АРМ за ова време…

Прослава на Денот на АРМ во касарна „Илинден“

Вчера, 18-ти Август во вечерните часови во Видиковецот во касарната ,,Илинден“ во Скопје беше организирана прослава по повод Денот на АРМ. На прославата присуствуваа началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Методија…

Полагање на венци со свежо цвеќе по повод „Денот на АРМ“

По повод чествувањето на 18-ти август Денот на АРМ, денес 17.08.2013 година на градските гробишта во Бутел во Скопје, се одржа церемонија за полагање на венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски. Делегацијата…

Централна свеченост пред МО и ГШ на АРМ по повод Денот на АРМ

Утре, 17 август (сабота) со почеток во 18.00 часот, пред зградата на МО и ГШ на АРМ, ќе се одржи централната свеченост по повод 18 Август – Денот на АРМ. На свеченоста ќе присуствуваат: Претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, Министерот за одбрана Талат…