Средба на НГШ на АРМ со Заменик Гувернерот на Вермонт и посета на националниот парламент и Центарот за менаџмент со кризи на Вермонт

Во рамките на повеќедневната посета на САД, НГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, вчера 16–ти јули во Монтпелиер, во сојузната држава на САД Вермонт, заедно со својот домаќин Командантот на Националната Гарда на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј остварија средба со Заменик Гувернерот на Вермонт Фил Скот, а ги посетија и националниот парламент и Центарот за…

Посета на НГШ на АРМ на САД и Националната гарда на Вермонт

Во рамките на повеќедневната посета на САД и Вермонт, НГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, вчера 15-ти јули оствари средба со својот домаќин Командантот на Националната Гарда на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј и имаше заеднички разговори со штабот на Националната Гарда. За време на средбата НГШ на АРМ и генералот Креј го искажаа заедничкото задоволство…

На полигонот „Чојлија“ изведена методско – нагледна вежба „Здружена операција“

Денес, 28-ми јуни на полигонот „Чојлија“ во организација на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, се одржа методско-нагледна вежба „Здружена операција“. На вежбата присуствуваa: Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски, Командантот на ЗОК бригаден генерал Методија Величковски, командантите на потчинетите команди и единици и…

Одбележан Денот на воздухопловната бригада

Владата на Република Македонија донесе одлука за приклучување кон иницијативата за балкански регионален пристап кон противвоздушната одбрана – БРААД, а беа разгледувани и прашањата поврзани со иднината на воздухопловите кои не се оперативни, посочи заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев по денешната свеченост по повод Денот на воздухопловната бригада. Воедно, заменик-министерот Димитриев, во…

Официјална посета на Началникот на вооружените сили на Република Турција на Република Македонија и АРМ

Денес, 27 мај 2013 година, во ГШ на АРМ со високи воени почести беше пречекан Началникот на ГШ на ВС на Република Турција, генерал Неџет Озел на кого домаќин му е Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески. Претходно генералот Озел беше примен од Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а за време на…

Учество на НГШ на АРМ на Конференција на Воениот комитет на НАТО во Брисел

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески утре (14-ти мај) ќе учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел. Денес, генералот Котески ќе присуствува на официјалната церемонија за примопредавање на должноста Командант на Врховната команда на силите на…

Проштална средба на НГШ на АРМ со потполковник Манфред Стеиб од Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија

Денес, 2-ри мај 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковникот Манфред Стеиб од Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија. На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Стеиб за неговата работа и стручен ангажман, при што нагласи дека тој дал соодветен придонес во достигнувањето…

Успешно реализирана работилница за медиа тренинг со клучниот персонал од ГШ на АРМ

Денес, 19-ти Април 2013 година во Регионалниот тренинг центар за комуникации во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје успешно се заврши работилницата за медиа тренинг со клучниот персонал од ГШ на АРМ која се реализираше изминатите три дена. На работилницата, началниците на организациските единици на Генералштабот на АРМ имаа можност да се запознаат со дел од…

Посета на НГШ на АРМ на Армијата на Чешката Република

Началникот на Генералштабот (НГШ) на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, од денес претстојува во дводневна официјална посета на Армијата на Чешката Република. Тој денес во Прага беше дочекан со високи воени почести од НГШ на Армијата на Чешката Република, генерал-потполковник Петр Павел. На средбата во ГШ на Чешката Армија беше разгледана билатералната воена соработка, размена на…