Свечено примопредавање на должност во ЗОК

Вчера, 12-ти септември, во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста „Началник на Штаб во ЗОК„ и прием на должноста „Заменик на Командантот на ЗОК“. Должноста Началник на штаб на ЗОК ја прими досегашниот командант на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Стојан Димчов, а досегашниот началник на штаб бригаден…

Доделени одликувања од Армијата на САД на припадниците на АРМ од контингентот „Феникс“

Денес, 12-ти септември (четврток) во касарната ,,Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост за доделување на одликувања од Вооружените сили на САД, на припадници од полкот за специјални операции (пСО) и баталјонот на Воена полиција (бВП) на АРМ, по повод учеството во наменските сили ,,Феникс“ во рамките на мисијата ИСАФ во Авганистан. На свеченоста за доделување…

Продолжување на стратешкото партнерство помеѓу АРМ и Националната гарда на Вермонт

Во рамките на тридневната официјална посета на АРМ, висока воена делегација на националната гарда (НГ) на сојузната држава на САД Вермонт, предводена од командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј, денес беше пречекана во Генералштабот (ГШ) на АРМ, од страна на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески. На разговорите во ГШ на…

Доделување на одликувања на припадниците на АРМ кои учествувале во наменските сили „Феникс“ во ИСАФ

Утре, 12-ти септември (четврток) со почеток во 14.30 часот во касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се одржи свеченост за доделување на одликувања од Вооружените сили на САД, на припадници од полкот за специјални операции (пСО) и баталјонот на Воена полиција (бВП) на АРМ по повод учеството во наменските сили ,,Феникс“ во рамките на мисијата ИСАФ…

Примопредавање на должноста командант на 1.мпбр

Денес, 6-ти септември 2013 година (петок), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на 1. механизирана пешадиска бригада (мпбр). Должноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Стојан Димчов ја прими бригадниот генерал Павле Арсоски кој досега ја извршуваше должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на…

Посета на спикерот на канадскиот сенат на ГШ на Армијата на Република Македонија

Во рамките на официјалната посета на Република Македонија, денес (5-ти септември), спикерот на Сенатот на Канада г-дин Ноел Кинсела го посети Генералштабот на АРМ, кој беше срдечно пречекан од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. Во ГШ на АРМ спикерот Кинсела со делегацијата од Сенатот на Канада оствари средба со претставници на ГШ…

Јакнење на соработката и партнерството помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Албанија

Денес, (5-ти септември), во ГШ на АРМ со високи воени почести беше пречекан началникот на ГШ на Вооружените Сили (ВС) на Република Албанија, генерал-мајор Џемал Ѓункши кој претстојува во дводневна официјална посета на АРМ, а домаќин му е началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот…

Свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полкот за специјални операции на АРМ

Денес 30-ти август 2013 година (петок), во касарната „Илинден“ во Скопје, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на полк за специјални операции (пСО) на АРМ. Должноста командант на пСО од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковник Васко Ѓурчиновски кој досега ја извршуваше должноста аѓутант на Претседателот на Република Македонија. На свеченоста…

Хеликоптерите на Воздухопловната Бригада на АРМ успешно се справија со огнената стихија во Битолско

Вчера (22.08.2013 година), Армијата на Република Македонија се вклучи во помош на локалното население при гаснење на пожарот во атарот на битолските села Лисолај и Древеник. Два хеликоптери МИ 8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, во текот на вчерашниот ден интервенираа околу седум часа во исклучително тешки временски услови. Пилотите на АРМ за ова време…