Заврши обуката на војниците на доброволно служење на воениот рок
Дваесет и втората генерација на војници на доброволно служење на воениот рок во Центарот за индивидуална обука (ЦИО) ја заврши обуката. 204 војници меѓу кои 14 припаднички од понежниот пол, изминатите три месеци ги постигнаа очекуваните резултати. Покрај реализацијата на основната воена обука војниците беа вклучени во стражарско обезбедување на воените објекти во сите гарнизони…